
Би Уај Ди ги качи на брод за Европа возилата што ги прозиведува во својата фабрика во Тајланд. Следно е изградба на фабрика за монтажа на возила во Малезија, според информациите што доаѓаат од ограноците на најголемиот производител на електрични возила во Кина во двете земји на југоистокот на Азија.
Прекуокeански брод во сопственост на Би Уај Ди заплови во правец на Европа, со преку 900 примероци од моделот Долфин, компактен автомобил со целосно електричен погон. Веста на 25-ти август ја објави огранокот на Би Уај Ди во Тајланд.
Меѓу земјите во коишто ќе се дистрибуираат електричните автомобили се Германија, Белгија и Холандија, напоменуваат од тајландскиот огранок.
Би Уај Ди ќе плати пониски царини со извозот на електрични автомобили во ЕУ од својата фабрика во Тајланд, место од фабриките во Кина.
Лани во завршетокот на октомври, ЕУ воведе високи казнени царини за електричните автомобили што се произведуваат во Кина, дополнително на претходните 10 проценти. Оттогаш, за возилата на Би Уај Ди што се увезуваат во ЕУ до Кина се плаќа вкупна царина во висина од 27 проценти.
Фабриката на Би Уај Ди во Тајланд, во провинцијата Рајонг, почна да произведува во јули 2024 година. Фабриката располага со преси, лакирница, заварувачница и завршна монтажа, со капацитет за 150.000 електрични и хибридни автомобили годишно.
За понатамошно ширење во Југоисточна Азија, Би Уај Ди ќе изгради фабрика во малезиската држава Перак, соопшти огранокот на компанијата во земјата на 22-ри август.
Фабриката за монтажа со површина од 600.000 метри квадратни ќе почне со редовно производство во втората половина од 2026 година.
Во почетокот, во фабриката ќе се врши склопување на возила од полуготови китови што ќе се увезуваат во Малезија, соопшти тамошниот огранок, без понатамошни поединости.
Фабриката во Малезија ќе биде трета фабрика на Би Уај Ди во Југоисточна Азија. Компанијата кон завршетокот на годинава планира да отвори фабрика за монтажа вредна 1 милијарда долари во западна Јава, дел од Индонезија.
Би Уај Ди забрзано се шири на светскиот пазар, поради тоа што забавува продажбата во Кина.
Компанијата на 1-ви јули започна со производство во фабриката во Бразил, а во тек е изградба на фабрики во Унгарија и Турција.
Покрај подигнувањето фабрики ширум светот, Би Уај Ди во јануари 2024 година почна да создава бродска флота со цел да се зголеми извозот на возила од Кина. Во моментов флотата располага со седум големи бродови.
Поради ослабнатата продажба на домашниот пазар, компанијата во јули испорача 344.296 возила, што е практично исто со ланското ниво, иако продажбата на извозните пазари се зголеми за 160 проценти и достигна 80.737 возила, покажуваат податоците што Би Уај Ди ги објави на 1-ви август.















