за

Дачиа пред Голф: 25-те најпродавани модели во Европа годинава

Дачиа Сандеро е најпродаван автомобил во Европа во првите четири месеци од 2024 година.

Сандеро повеќе привлекува со противвредност, отколку чисто со цената, затоа што голем удел во продажбата имаат поопремените и поскапи изведби.

Романскиот шампион во противвредност и годинава е најпродаван модел на европскиот пазар. Но, во меѓувреме и Голф напредува силно. Наспроти нив, Тесла Модел Ипсилон имаше силен пад во април.

Дачиа Сандеро е на најдобар пат, трипати во периодот од јануари до април да биде прв модел во месечната продажба на европскиот пазар. За тоа придонесува растот од 37 проценти во продажбата во април, во споредба со истиот месец лани.

Фолксваген Голф напредуваше уште посилно, со раст од 65 проценти во продажбата, но пак не успеа да го потисне романскиот автомобил од првото место. Наспроти нив, Тесла Модел Ипсилон имаше пад во април и воопшто не се појавува во Топ 25.

Сандеро, модел на буџет марката од групацијата Рено, во април води со 24.835 продадени примероци, пред Фолксваген Голф, со 21.592 продажби. Тоа се првичните податоци, коишто се добиени од 98 проценти од вкупниот пазар во ЕУ, ЕФТА и ОК.

Голема е предноста што ја има Сандеро годинава. Од почетокот на годината до завршетокот на април, од моделот на Дачиа во класата на Клио, продадени се близу 100.000 примероци. Голф во споредба со лани исто така има силна продажна динамика и во периодот се испорача во преку 85.000 примероци.

Топ 50 Најпродавани модели април 2024; ЕУ, ЕФТА, ОК

Марка Модел Примероци
Dacia Sandero 24835
VW Golf 21592
Renault Clio 19310
VW T-Roc 19225
Peugeot 208 17273
Skoda Octavia 16812
Toyota Yaris 16808
VW Tiguan 16495
Citroen C3 14812
Ford Puma 14418
Toyota Yaris Cross 13724
Dacia Duster 13503
Peugeot 2008 12840
Hyundai Tucson 12396
Fiat Panda 11942
Renault Captur 11793
VW T-Cross 11641
Opel Corsa 11625
Toyota Corolla 11617
Kia Sportage 11497
Audi A3, S3 11309
VW Polo 10996
Nissan Qashqai 9730
BMW X1 9487
Hyundai Kona 9390

Освеженото моделско годиште на Голф ја раздвижи продажбата

Продажбата на Голф само во април порасна за 65 проценти и тоа е најголемиот камбек на компакт моделот, што до пред неколку години владееше со европскиот пазар. Фолксваген во јануари го претстави фејслифтот на Голф, со цел да го продолжи производстевниот век на моделот, пред да дојде следната генерација, којашто целосно ќе се префрли на електричен погон.

На третото место во април е Рено Клио со продадени 19.310 возила, што претставува напредок од 24 проценти во споредба со лани. Не е голем заостатокот на Фолксваген Т-Рок, со 19.225 примероци, што според првичните податоци постигна напредок за 16 проценти. Водечката петорка во април ја заокружува Пежо 208, со продадени 17.273 возила и раст од 18 проценти.

Тесла Модел Ипсилон отпадна од топ 20

Најпродаваниот модел во март, Тесла Модел Ипсилон, еден месец подоцна не се појавува ниту во Топ 25. Со вкупно 9.329 продажби, таа е на 26-то место. Тоа е назадување за единаесет проценти во споредба со лани. Тесла се соочува со шестмесечен штрајк во Шведска, каде што пристанишните работници уште од декември спречуваат од брод да се симнат возилата на производителот на електрични автомобили од САД.

Дачиа Сандеро во јануари и февруари беше најпродаван модел во Европа и го задржа водството во првите четири месеци од 2024 година. На второто место во првите четири месеци исто така е Голф, пред Пежо 208, Рено Клио и Шкода Октавиа.

Топ 50 Најпродавани модели јануари-април 2024; ЕУ, ЕФТА, ОК

# Марка Модел Примероци % Тренд
1 Dacia Sandero 97,021 23.2
2 VW Golf 85,781 52.9
3 Peugeot 208 75,249 10.6
4 Renault Clio 71,56 18.9
5 Skoda Octavia 69,76 37.4
6 Citroen C3 69,129 47.2
7 VW T-Roc 68,917 -4.2
8 Tesla Model Y 67,975 -17.4
9 Toyota Yaris Cross 65,697 -1.9
10 Toyota Yaris 61,755 18.4
11 Peugeot 2008 59,707 14.1
12 Nissan Qashqai 59,315 19.0
13 Ford Puma 58,817 27.5
14 VW Tiguan 58,748 0.3
15 Kia Sportage 57,551 14.4
16 Dacia Duster 56,143 -3.7
17 Opel Corsa 54,991 -21.0
18 Hyundai Tucson 53,725 0.6
19 Fiat Panda 52,318 21.7
20 Renault Captur 49,282 7.1
21 Toyota Corolla 49,154 24.4
22 Audi A3,S3 47,613 28.6
23 VW Polo 41,275 3.7
24 Volvo XC40 39,867 6.1
25 VW T-Cross 38,628 -1.8
26 Toyota C-HR 37,949 -8.6
27 Ford Kuga 36,339 -6.7
28 Nissan Juke 36,239 43.7
29 BMW X1 35,444 36.5
30 Peugeot 308 34,751 4.8
31 Toyota Aygo X 34,504 35.4
32 MINI One/Cooper 34,239 -10.4
33 Skoda Kamiq 34,07 4.0
34 BMW 3 Series 34,001 28.6
35 BMW 1 Series 33,825 22.5
36 MG ZS 33,789 80.9
37 Skoda Fabia 33,734 13.5
38 Hyundai Kona 33,053 13.7
39 Cupra Formentor 32,86 3.7
40 Skoda Karoq 32,504 7.7
41 Dacia Jogger 32,2 13.1
42 Volvo XC60 31,986 26.9
43 Fiat 500 31,816 -21.5
44 Tesla Model 3 31,331 41.6
45 Ford Focus 30,999 -22.0
46 Toyota RAV4 30,873 58.6
47 Opel Mokka 30,315 -9.9
48 Peugeot 3008 30,081 -22.2
49 Mercedes GLC 29,514 1.2
50 Opel Astra 28,857 90.3

Тојота со шест модели во Топ 50

Бројките од април покажуват дека и Тојота е во силен подем. Шкода Октавиа се продаде во четири примероци повеќе од Тојота Јарис. Моделот на јапонската марка во април напредуваше за 67,2 проценти во споредба со истиот месец во 2023 година.

Моделите на Тојота се застапени шестпати во Топ 50, предводени од Јарис, потоа следи Шкода со пет свои модели.

Фолксваген имаше 4 свои модели во Топ 50, предводени од Голф на 2-то место, додека седум производители – меѓу нив Рено, Пежо, БМВ и Волво – според првичните податоци имале по три модели меѓу 50-те најпродавани модели во Европа.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Три сценарија за иднината на Тесла

Стелантис најави можно производство на бензинска изведба на Фиат 500 во Италија