Непредвидливоста на европскиот пазар на електрични автомобили носи една добра и една лоша вест во двата главни пазарни сегменти.
Фолксваген ИД.7, Тесла Модел 3 и БИД Сил донесоа силно задвижување во продажбата во средната класа. Напредокот на овие три модели доведе до тоа вкупната продажба на возила во средната класа во првите осум месеци од годинава да порасне за 2,1 проценти.
Во исто време, двоцифрениот пад во продажбата на Тесла Модел Ипсилон, Шкода Ениак и Киа ЕВ6, придонесе продажбата на СУВ-возила во средната клада да забележи пад од 4,8 проценти, во периодот од јануари до август.
Марката Фолксваген се држи цврсто во 11 големи сегменти на европскиот пазар.
Модел на Фолксваген е на 1-то место во продажбата во шест од 11-те најголеми пазарни сегменти, вклучувајќи го и водството на Т-Рок во категоријата на малечки СУВ-модели. Тоа е воедно најголемиот пазарен сегмент во Европа, со продадени 1,53 милион возила во првите осум месеци, со раст од 6,5 проценти во споредба со лани.
Фолксваген Тигуан го предводи вториот најголем пазарен сегмент во Европа, што им припаѓа на компактните СУВ.
Тесла има голема предност кај лимузините од средната класа и кај СУВ-моделите од средната класа.
Во премиум сегментите, групацијата БМВ е на првото место во пет од 11-те класи. Четири од тие водства ѝ припаѓаат на марката БМВ (серија 3 во средна класа, серија 2 во компакт класа, Икс 5 во класа на големи СУВ, Икс М меѓу егзотичарите), додека Мини го има најпродаваниот премиум кабриолет.
Од останатите премиум марки, единствено Мерцедес-Бенц и Волво имаат по две победи во одделни сегменти, другите имаат само по една.
Додека август беше разорен за продажбата на електричните автомобили во целост, со пад од 36 проценти поради десеткувањето на продажбата во Германија, гледано во целиот период од јануари до август, продажбата на електричните автомобили е 4,8 проценти во пад. Продажбата на ЕВ во Германија заостанува неколкукратно зад август лани, кога компаниите побрзаа да ги искористат субвенциите за ЕВ, пред Берлин да ги укине повластиците.
Модел Ипсилон и Модел 3 се прв и втор најпродаван модел за осум месеци, по нив следат Волво Е Икс 30, Фолксваген ИД.4 и МГ 4.
Иако дел од купувачите во последните неколку месеци го префрлија изборот на приклучни хибриди, место на ЕВ, вкупната продажба на возила со приклучен хибриден поогон е 2,9 проценти во пад во првите осум месеци.
Најпродаван модел со приклучен хибриден погон и натаму е Волво Икс Ц 60, чијашто продажба порасна за 43 проценти. Втор ПХЕВ во Европа е Мерцедес ГЛЦ, и тој со раст од 44 проценти, додека продажбата на БМВ Икс 1 со овој вид погон во првите осум месеци се зголеми за 55 проценти.
















