Во Европа се продаваат повеќе електрични автoмобили отколку дизели

Лани во земјите од ЕУ, ЕФТА и ОК беше постигнат значителен раст во продажбата на патнички автомобили, иако се случи забавување кон завршетокот на годината.

Во 2023 година, бројот на новорегистрирани автомобили во Европа се зголеми за 13,7 проценти, со вкупно 11,3 милиони патнички возила. Тоа претставува голем раст во споредба со 2022 година, кога во ЕУ беа продадени најмалку нови возила по 1993 година, во тогашната економска криза. Една од причните за нискиот број на новорегистрирани автомобили во 2022 година се должеше на недостигот од компоненти, главно микрочипови.

Јасен тренд има кај батериските електрични возила, што постигнаа повисок удел во вкупната продажба на возила, отколку возилата со дизел мотор. По автомобилите со бензински и хибриден погон – вклулчувајќи благи хибриди, електричните автомобили лани биле трета најзастапена погонска категорија во продажбата во ЕУ.

Најголеми пазари за батериските електрични автомобили во Европа се Германија, со 524.219 возила (+11,4% во споредба со 2022), следат Обединетото Кралство со 314.684 возила (+17,8%), Франција (298.219 возила, +47%), Холандија (113.981 возила, +55,6%) и Шведска (112.208 возила, +18,1%). Уделот на батериски електричлни автомобили во Норвешка изнесува шампионски 82,3 проценти, меѓутоа земјата во вкупната продажба на е-автомбоили е само на 6-то место, веднаш зад Холандија, со 104.587 возила или за -24,4% помалку во споредба со преклани.

Продажба на патнички автомобили по вид на погон во 2023 година

Вид на погон

Возила

Тренд (%)

Батериски електрични возила

2.019.401

+28,2

Приклучен хибриден погон

989.937

-2,4

Хибриден погон и благ хибриден погон

3.397.339

+28,3

Бензин

4.586.327

+10,7

Дизел

1.533.762

-6,4

Други

320.715

+15,7

Од земјите во соседството и во регионот, што се опфатени во статистиката (ЕУ, ЕФТА, ОК), во Бугарија лани биле продадени само 1.816 електрични автомобили, што одговара на удел од само 4,8 проценти, во Хрватска има продадено 1.637 електрични автомобили (+19,6 проценти, удел 2,7%), но затоа Грција има 6.379 возила на струја (+125,6% и удел од 4,7%).

Изненадува Романија со 15.368 електрични возила (+32,1%) и удел од 10,6 проценти, што е двојно повеќе отколку во останатите држави во регионот. Словенија исто така следи со 4,9 проценти удел на БЕВ.

Претходна објаваХибридниот Фиат 600 може да биде големо освежување на пазарот
Следна објаваУште една револуција: Мерцедес ќе ги продава салоните во Германија на приватни инвеститори

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here