Германија субвенционира купување приватни електрични полначи

ionity мрежа брзи полначи

Германија повторно го зголемува фондот за субвенционирање на поставувањето на приватни полначи во станбени објекти. Нови 100 милиони евра се издвоени за таа цел, со што вкупната сума за луѓето да си постават полначи во домот изнесува вкупно 500 милиони евра.

Поради големата заинтересираност за користење на државните субвенции за поставување полначи за електрични автомобили, сојузните германски власти го зголемија фондот за уште 100 милиони евра и тој сега изнесува вкупно половина милијарда евра.

Откако почна субвенционирањето во ноември лани, во станбени објекти во земјата се поставени 470.000 приватни електрични полначи, во чијашто набавка Германија учествувала со по 900 евра.

Во февруари, властите веќе еднаш го зголемија фондот со 100 милиони евра, сега повторно се зголемува сумата за уште толку. Приватни лица, куќни совети и градежни изведувачи имаат право да поднесат барање за субвенционирање на купувањето и поставувањето на фабрички нови станици за полнење електрични автомобили што не се достапни јавно. Услов е струјата за полначите да потекнува од обновливи извори.

>>> Германија ќе потроши 300 мио. € за полначи пред ресторани и супермаркети

Претходна објаваPorsche очекува годинава да продаде повеќе од 300.000 автомобили
Следна објаваBMW продава повеќе возила отколку пред корона-кризата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here