Германија ќе потроши 300 мио. € за полначи пред ресторани и супермаркети

Ionity полначи за струја

Со новата програма за субвенционирање првенствено се опфатени возачите на електрични автомобили, кои батеријата на своите возила не можат да ја полнат ниту дома, ниту на работа. Сојузниот министер за сообраќај Андреас Шоер ќе ја проширува „мрежата од полначи на оние места, што се користат во секојдневието, како супермаркети, хотели, ресторани, базени или спортски хали.“

Мали и средни компании ќе можат да поднесуваат барања за субвенција од 12-ти април до крајот на годинава. Посебно се повикуваат барање да достават компаниите од малопродажбата, како и хотели и ресторани, градски служби и регионални заедници.

Државата ќе покрива до 80 проценти од трошоците на инвестицијата и ќе издава одобренија според начелото „прв дојден, прв услужен“.

Субвенционираните полначи мора да овозможат roaming и Ad-hoc полнење. Задолжително е да се користи струја од обновливи извори. Полначот мора да биде поставен до 31-ви декември.

>>> Колку возниот парк ни се електризираше во 2020 година?

>>> Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Претходна објаваBMW ќе го набавува литиумот и од Аргентина
Следна објаваДигитален ретровизор за Ford Transit

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here