за

Дигитален ретровизор за Ford Transit

Ford нуди дисплеј во форма на внатрешен ретровизор за Transit, што се вградува посебно и ја пренесува сликата од задната камера.

Возачите на доставни возила добро го познаваат проблемот: Преградите без прозорец, што ја двојат возачката кабина од товарниот простор, исто како и задните врати без прозорец, оневозможуваат директно да се гледа просторот назад, поради што возачите мораат да се раководат единствено според страничните ретровизори.

Дигиталниот ретровизор изгледа исто како обичен ретровизор, но е дисплеј со висока резолуција, што овозможува панорамско гледање на просторот зад возилото. Тоа му овозможува на возачот да добие точна слика дали зад возилото има пешак, велосипедист или друго возило.

Сликата се пренесува директно од задната камера, што располага и со автоматско дотерување на светлината, за сликата на дисплејот да биде осветлена правилно и дење и ноќе. Системот нуди двојно поголемо видливо поле од обичните ретровизори. Во нормален режим, ретровизорот дејствува како обичен ретровизор.

Системот што се состои од внатрешен ретровизор и камера се нуди како прибор за дополнително вградување, за фургонските варијанти на Ford Transit Custom (по 2021 година) и Transit (по 2014 година). Нарачката се врши преку дилерската мрежа на Ford, а цената во Германија изнесува околу 700 евра.

>>> Комбињата на Ford се „јавуваат“ при обид за кражба

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ionity полначи за струја

Германија ќе потроши 300 мио. € за полначи пред ресторани и супермаркети

Toyota разви амбулантно возило со погон на водород