Toyota разви амбулантно возило со погон на водород

Болница на јапонскиот Црвен Крст и на корпорацијата Toyota почнуваат со тестови на првото амбулантно возило во светски рамки коешто користи водород како погонско гориво. Проектот започува летово и треба да потврди дека комерцијални возила со погон на водород може да се применуваат и во медицината, како и во заштитата по природна катастрофа. Целта е на тој начин да се учествува во намалувањето на емисијата на СО2.

Ураганите, поројните дождови и останатите природни катастрофи зачестија во минатите години. Притоа се загрозува снабдувањето со струја на станбените објекти и на центрите за евакуација, но ја зголемува и потребата од медицински материјали во погодените подрачја. Поради тоа, Toyota од минатото лето соработува со болницата Кумамото на јапонскиот Црвен Крст.

Резултат од ова партнерство е болничко возило врз основа на минибусот Toyota Coaster, во коешто е вграден водородниот погон од лимузината Toyota Mirai. Возилото при експлоатацијата не испушта ниту грам СО2 и други штетни материи. Во нормални времиња, возилото може да се користи за снабдување со медицински материјали. По катастрофа, водородното амбулантно возило може дополнително да биде и во функција на снабдување со електрична енергија.

Преку големиот број приклучни кутии во возилото, но и на самото возило, може да се приклучат најразлични електрични уреди. Дополнително постои систем за напојување со излезна моќност од 9 kW и со капацитет од 90 kWh. Клима уред со хепа-филтер се грижи за заштита од инфекции.

Болницата Кумамото и Toyota се убедени дека болничкото возило со погон на водород носи дополнителни предности во споредба со обичните возила во медицината. Toyota Coaster со погонот од Mirai може да се користи и за снабдување со електрична енергија на автобуси во крводарителски акции, како возило за спасување во изолирани подрачја и како мобилно возило за PCR-тестови.

Технички податоци · Toyota Coaster FuelCellVehicle

Должина / Ширина / Висина 7.160 mm / 2.105 mm / 2.795 mm
Вкупна тежина 5.670 kg
Крајна брзина ca. 100 km/h
Досег ca. 210 km

Моќност на горивна ќелија

114 kW/155 КС
Моќност на погонски електромотор 134 kW/182 КС

Вртежен момент

300 Nm

Резервоари за водород

3

Зафатнина на резервоари

7,2 kg

Испорачување струја

AC 100 V, max. 9 kW
DC (CHAdeMO), max. 9 kW

Капацитет

ca. 90 kWh

>>> Јапонскиот конзул во Германија ќе се вози во водородна Toyota Mirai

Претходна објаваДигитален ретровизор за Ford Transit
Следна објаваPeugeot испорача 100 примероци од 208 Rally4