за

BMW продава повеќе возила отколку пред корона-кризата

Баварците се задоволни посебно од продажбата на нивните електрични модели, првенствено BMW iX3.

BMW се подготвува за старт на електричниот iX3

Во минатиот месец BMW продал за 10 проценти повеќе возила отколку во април 2019 година.

BMW во април продал вкупно 220.000 возила на светскиот пазар, што е за десет проценти повеќе во споредба со април 2019 година, пред да започне кризата. Продажните резултати се подобрени во сите региони ширум светот.

Априлската продажба им влева надежи на менаџерите на BMW дека успехот во првиот квартал од годината ќе продолжи и во тековниот квартал. Во периодот меѓу јануари и април, баварската марка постигна зголемување на продажбата за пет проценти во споредба со преткризната година, првенствено поради растот на азискиот пазар.

Посебно задоволство се искажува за продажбата на електричните автомобили. „На одличен пат сме, продажбата на нашите целосно електрични возила да ја удвоиме годинава, како што планиравме“, соопштуваат од Минхен. Со три електрични модели и 14 модели со приклучен хибриден погон, концернот BMW моментно има многу повеќе електрифицирани модели во понудата од конкуренцијата.

>>> Десет модели на BMW со хибриден погон во понуда во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ionity мрежа брзи полначи

Германија субвенционира купување приватни електрични полначи

Audi со одлични резултати во првиот квартал, менаџерите се „претпазливо оптимистични“