Во шест видеа, долги по 20 минути, Porsche прикажува луѓе што се посебно енергични. Серијата е насловена „The Soul Within“ и ќе биде пуштена на јутјуб утре, на 11-ти април.
Главните ликови во видеосеријата обично се движат во креативна, уметничка средина. Секој од нив работи на различно поле, но сите имаат заедничко обележје: Тие работат со душа и срце. Моделите на Porsche воопшто не се појавуваат, ниту се спомнуваат. Во тоа е посебноста на кампањата – марката на единствен и близок начин се обраќа на својата целна група.
Еден од протагонистите е Стефан Ешпул, париски моден дизајнер, кој продава облека под марката Pigalle. Во друго видео се појавува графити-уметничката Кристина Анџелина од Лос Анџелес, којашто преку телесниот напор што го прави при изработката на графитите воспоставува директна врска со својата душа. Во останатите епизоди се појавуваат јапонската диџејка Хито, исто како и Лино Дисалво, режисер на анимациски филмови, кој лани го продуцираше „Плејмобил: Филмот“.
Канадските претприемачи Кели Робинсонг и Џејсон Сусмен објаснуваат како останале верни на својата идеја, додека нивниот бизнис се шири, од обичен камион со храна на Ванкувер Ајленд, до цел синџир ресторани. Џулиус Дитман е германски бизнисмен и син на скејтборд-пионерот Титус Дитман, актуелен директор на марката Titus.
Серијата е продуцирана од Petrolicious. Спортската марка од Цуфенхаузен става посебен нагласок на темата на духовноста уште од самиот старт на електричниот Taycan – неговото мото гласи „Soul, electrified.“ Идејата е да се укаже на тоа дека автомобилот ги поседува сите обележја на Porsche и покрај тоа што користи електричен погон.
Серијата ќе стартува на 11-ти април на каналот на Porsche na јутјуб
https://www.youtube.com/user/Porsche

















