за

Porsche ја зголемил продажбата за 13 проценти

Не само раст, туку и рекордна продажба на Porschе во првите три квартали. Испорачани се 217.198 возила.

Германската спортска марка ја зголемила продажбата за 13 проценти во периодот од јануари до септември. Сите пазари ширум светот пријавуваат раст, посебно САД.

Директорот за продажба и маркетинг на Porsche AG, Детлев фон Платен, знае најдобро: „Книгите со нарачки ни се полни и ни влеваат оптимизам и елан при стартот на завршницата на годината.“ Најпродаван модел е Porsche Cayenne со 62.451 испорачани примероци, за веднаш по него да следи Macan со 61.944 примероци и раст 12 проценти.

Одлично се држи и електричниот Taycan, зад чијшто волан во изминатите девет месеци седнале 28.640 нови сопственички и сопственици. Темелот на марката, Porsche 911 држи исто ниво со електро-предводникот Taycan, со испорачани 27.972 приимероци до септември – тоа е раст од 10 проценти. 

Моделите 718 Boxster и 718 Cayman привлекле 15.916 клиентки и клиенти, што е за 1 процент повеќе од истиот период лани. Крстосувачот Panamera има солидни 20.275 испораки, за еден процент подобро од лани.

PORSCHE AG

Испораки

Јануари – септември
2020  2021  Разлика
    Во свет 191.547 217.198 +13% 
    Европа 55.483 56.332 +2%
        Германија 17.462 19.099 +9%
    Америка 49.034 63.025 +29%
        САД 39.734 51.615 +30%
    Азија, Африка, Близок Исток 87.030 97.841 +12%
        Кина 62.823 69.789 +11%

Возење Porsche како автомобилски спа-третман: Road Tour 2021

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Никој нема поголема маска од Lexus LX 600

Webasto производство батерии

Производителот на батерии CATL вложува 5 млрд. $ во рециклирање