за

Никој нема поголема маска од Lexus LX 600

Во светот во којшто владеат вредностите на Lexus LX, луѓето би сакале големиот СУВ да биде долг веројатно седум метри. Бидејќи тоа може да биде непрактично, голема е маската.

Сé е до името и до тоа што ти го дозволува имиџот. Доколку оваа шампионски џиновска маска се најдеше на некој кинески автомобил, сцената буквално ќе препукнеше од исмевање. Но, бидејќи се работи за Lexus, тоа се почитува.

Новата генерација на Lexus LX ја доживеа својата светска премиера на настан во Москва, Русија. Продажбата на моделот што ќе се нуди глобално, започнува рано во 2022 година. Од првата генерација од 1996 година, LX е ознаката на знаменосецот во СУВ-понудата на луксузната марка на Toyota. Како основа отсекогаш служел Land Cruiser.

Досега се продадени повеќе од 500.000 примероци на преку 50 пазари ширум светот, вклучувајќи повеќе од 60.000 примероци само во Русија и на останатите пазари во Источна Европа.

Тоа што Lexus им го нуди на своите клиенти со новиот LX е комфор и квалитетно поминато време, без разлика каде човек се наоѓа во моментот и без разлика каде е појден. Платформата GA-F е дел од TNGA-архитектурата што ја делат сите возила на Toyota, од идниот Aygo до новиот Land Cruiser, и од новиот NX до топ-моделот LS/LC. Големиот автомобил сепак ја задржа посебноста како екстремен теренец, затоа што пак е задржана носечката рамка, врз којашто комотно е поставена каросериската школка. Во споредба со претходничката, новиот модел е полесен за 200 килограми.

Зад ознаката LX 600 стои 3,5-литарски V6 твин-турбо, секако бензинец. Но, има и верзија LX 500d со 3,3-литарски V6 дизел, исто така твин-турбо. Сопирачките се контролирани електронски, управувањето користи електрична сервоподдршка.

Димензиите на дисплејот во средишната конзола се во согласност со предната маска. Поточно, има два дисплеи. Горниот дисплеј има пречник од 12,3 инчи, под него е втор дисплеј од 7 инчи. Првпат во светот, LX доаѓа со Back Underfloor View, за прикажување на подлогата под задниот дел од возилото.

Како што тоа го бараат клиентите, Lexus LX ќе биде достапен во изведба VIP, со четири седишта. Има бројни новини и големи каприци во скапоцениот СУВ. Меѓу нив се подразбира и стартување на возилото преку читач на отпечаток на прст.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Главните обележја на Lexus LX

Прекинувачите и дисплеите во кокпитот се поставени со почитување на концептот на Тазуна, кој се базира на колку е можно помала промена на позицијата на седење, дури и при услови на возење по терен.

По пример на NX, логото на Lexus е поставено средишно на задниот поклопец.

Во новата платформа GA-F, моторот е поместен наназад, заради оптимално тежиште.

Покривот е изработен од алуминум, што исто така помага да постигне пониско тежиште. Тежината на возилото е намалена за 200 kg.

Првпат се користи електрична сервоподдршка за управувањето, што заедно со структурни лепила во каросериската структура се грижи за брза реакција на управувањето и директен одговор на притискањето на педалата за гас.

Растојанието од подлогата се приспособува споед условите, со избор на повеќе степени. Активната суспензија воедно го стабилизира возилото при скршнување, забрзување и сопирање.

Четири камери на Multi-Terrain Monitor го прикажуваат просторот околу возилото. Новина е Back Underfloor View, што прави подот во задниот дел од возилото да изгледа како да е проѕирен, за возачот да има точна претстава што се случува под LX.

Првпат два дисплеи во средишната конзола: Горниот (12,3 инчи) прикажува навигација и аудио контроли, како и приказ од Multi-Terrain Monitor при теренско возење. Долниот дисплеј (7 инчи) служи за контрола на климата и на функциите што се однесуваат на возењето, вклучќувајќи избор на режим на возење и др.

Нов 3,5-литарски V6 твин-турбо во LX 600 со моќност од 415 КС и вртежен момент од 650 Nm.

Првпат во Lexus работи 3,3-литарски V6 твин турбо дизел во LX 500d со 299 КС и 700 Nm.

Во двете погонски варијанти се вградува 10-степен автоматски менувач.

Нова моделска изведба VIP, со четири седишта и 1.100 милиметри простор за нозе на задната клупа, вклучувајќи потпирач за нозе зад совозачкото седиште и можност потпирачот за грб да се наведне за 48 степени. Посебни канали за климатизираниот воздух се изведени во таванот и водат до задните седишта.

Стандардно се вградува премиум озвучување со 10 звучници, опција е систем од Mark Levinson со 25 звучници

Првпат во Lexus се стартува моторот преку читање на отпечаток на прст.

Светлата користат систем BladeScan за автоматско соборување на долгото светло, за спречување на заслепувањето на возачите отспротива, еден од најделотворните системи од ваков вид.

>>> Топ 10 Најприродни ситуации за Lexus RX 450h … и 10 други

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen одамна не е „буба“ и „голф“

Porsche ја зголемил продажбата за 13 проценти