Volkswagen одамна не е „буба“ и „голф“

Европскиот центар на групацијата Volkswagen што работи за иднината разви концептен автомобил, за когошто веќе се подразбира дека вози на струја и вози самостојно. Нови се други работи.

Во форумот на групацијата Volkswagen се прикажува замислата, како во иднина ќе се планираат градовите и сообраќајот, под насловот „Go.City – Die Zukunft der urbanen Mobilität“ (иднина на урбаната мобилност). Носечки дел на настанот е концерното возило OnePod, што првпат се појавува во јавност.

Возилото со електричен погон и автономно возење е дело на Volkswagen Group Future Center Europe во Потсдам. Идејата е да се прикаже, како на најдобар начин се надополнуваат индивидуалниот превоз, јавниот превоз и доставата на пратки. Посетителките и посетителите ќе можат да ги погледнат експонатите до 31-ви декември во центарот што Volkswagen кусо го води како „Drive“.

One доаѓа од „One Solution for all“. Внатрешноста може да се приспособи за најразлични задачи, на пример за робо-такси. Големите прозорци, широк дисплеј и елементите што се сместени во потпирачите за раце и се лесни за ракување, на гостите им овозможуваат прегледност и пристап до сите апликации што им се потребни. Возџилото преку светлечки ленти комуницира со останатите учесници во сообраќајот. На возилото назад се наоѓа носач за велосипед.

Во „концептната просторија“ во објектот Drive се даваат и примери за насоката во којашто  во иднина ќе се развиваат градовите.

https://drive-volkswagen-group.com/ausstellung/#onepod

 

 

Претходна објаваВо Хамбург: Такси со возила што далечински се управуваат до нарачателот
Следна објаваНикој нема поголема маска од Lexus LX 600

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here