за

Porsche со пет светски премиери на салонот во Лос Анџелес

Патот на Porsche кон иднината е со три ленти. Покрај бензинците што поттикнуваат емоции и силните хибриди, третиот столб се електричните модели.

Стратегијата на Porsche се гледа јасно преку премиерите за салонот во Лос Анџелес. Porsche прикажа пет светски премиери. Покрај новиот 718 Cayman GT4 RS, како главен шоу-мајстор, вниманието го привлекуваат 718 Cayman GT4 RS Clubsport, Taycan GTS и Taycan GTS Sport Turismo, а настапот го заокружува Panamera Platinum Edition.

Калифорнија со децении е вториот дом на Porsche. Таму пред три години доживеа премиера актуелната генерација на 911. Сега во Лос Анџелес се појавува врвната изведба од купето со средишен мотор, 718 GT4 RS. Во сојузната држава со најчист возен парк во САД, секако дека електричниот Taycan веќе е редовен дел од уличната слика. Новитет во неговата гама е Taycan GTS.

Од јануари до септември, Porsche ја зголемил продажбата на својот втор најголем пазар во светот за 30 проценти.

718 Cayman GT4 RS и 718 Cayman GT4 RS Clubsport за максимално уживање

New item by Automedia MK / Google Photos

Porsche 718 Cayman GT4 RS е новиот топ-модел во семејството 718. Тоа е бескомпромисен возачки автомобил, со лесна конструкција, подвозје за врвни возни својства, напредна аеродинамика и препознатлив звук. Круг на Нирбургринг со овој автомообил трае 7:04,511 минути. Тоа е за повеќе од 23 секунди подобро време од 718 Cayman GT4.

New item by Automedia MK / Google Photos

За уживањето најмногу се грижи атмосферскиот боксер со шест цилиндри и 500 КС. Менувачот со двојна спојка со скусен пренос уште толку го потпомага спринтот. Таа рутинска вежба, 718 Cayman GT4 RS ја совладува за 3,4 секунди, а крајната брзина изнесува 315 km/h. Цената во Германија е 141.338 евра, испораките ќе стартуваат веќе во декември.

Taycan GTS и Taycan GTS Sport Turismo како спортска златна средина

Со досег до 504 километри, Taycan GTS е прв во своето моделско семејство што поминува над 500 километри со едно полнење. При користење на лансирниот старт, моќноста краткотрајно достигнува 598 КС. Подвозјето и управуваната задна оска како опција, изведени се типично за GTS-моделите. Внатрешноста и каросеријата се посебно изведени за моделот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Taycan GTS Sport Turismo доживеа премиера во ЛА како трета каросериска изведба во гамата на електричниот модел. Двете моделски изведби ќе пристигнат во салоните напролет. Се најавуваат и дополнителни погонски варијанти од Sport Turismo.

New item by Automedia MK / Google Photos

САД се втор најголем пазар за Porsche, по Кина. Продажбата бележи голем раст и во првите три квартали од годинава таму се испорачани 51.615 возила. Осум проценти од вкупната продажба на Taycan – од вкупно 28.640 примероци од јануари до септември – отпаѓаат само на Калифорнија.

>>> Возење Porsche како автомобилски спа-третман: Road Tour 2021

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уште еден Mercedes на струја: EQB со германските субвенции e колку дизел GLC

Новата електрична Kia Niro со дизајнерски хајлајти од Sportage