Porsche нов сопственик на хрватската марка велосипеди Greyp

Електричните велосипеди Greyp Bikes се уште една успешна приказна на Rimac Automobili. Спортската марка Porsche со вложувањето во хрватската компанија во 2018 година стекна и удел од 10% во посестринската компанија Greyp Bikes. Бизнисот напредува.

Porsche го искористи правото на предимство при проширувањето на капиталот во Greyp, и при барањето трет инвеститор во хрватската компанија за е-велосипеди, се јави како прв понудувач. Со тоа, марката од Штутгарт го презеде главнинскиот и управувачки дел во Greyp, каде што акционери се само уште Мате Римац и основачите на марката велосипеди. Затворањето на зделката се очекува кон крајот на годината.

„Porsche е пионер во одржливата мобилност и продолжува консеквентно да работи на својата стратегија за е-мобилност“, изјави Луц Мешке, директор за финансии и ИТ во спортската марка. „Нашите активности во подрачјето на е-велосипедите се доказ дека постапуваме консеквентно. Porsche со години е водечки понудувач на приклучни хибриди, во 2019 година почнавме со продажба на Taycan, како прв модел на Porsche со целосно електричен погон. Во минатата година веќе секој трет испорачан Porsche располагал со електричен погон.“

Сознанијата што се стекнати во електричниот погон во автомобилите, Porsche го користи и во атрактивниот и брзорастечки пазар на е-велосипеди. Тие имаат свое место во е-стратегијата на компанијата и ветуваат голем потенцијал.

Во март под знакот на Porsche беа понудени два модели на електрични велосипеди, „Sport“ и „Cross“, од ексклузивна класа. Двата модели наидоа на поголем интерес од очекувањата. Продолжува и партнерството со Rotwild. Моментно се работи на нова генерација на моделите „Sport“ и „Cross“.

>>> ABS-системи работат и во електричните велосипеди

Претходна објаваMitsubishi има нов електричен СУВ за Кина, досегот 520 km
Следна објаваЗошто е штетно моторот да се загрева во место и зошто тоа е казниво во некои земји?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here