Ново Porsche во боите на историските модели

При купување ново Porsche, отсега може да се изберат опциите „Боја по избор“ или „Боја по избор плус“. Идејата е на купувачите да им се понуди можност своите возила да ги добијат во бои исти како кај историските модели на Porsche.

Штутгарт ги враќа старите бои коишто беа препознатливи за моделите на Porsche. Покрај богатата понуда од сериски и специјални бои, сега стојат на располагање уште 160 нови тонови.

Овој чекор е одговор на Porsche на значително зголемениот интерес на клиентите на спортската марка, за автомобилот да биде лакиран во боја по посебна нарачка. Специјалистите во Porsche Exclusive Manufaktur во изминатите години постојано ги прошируваа капацитетите за лакирање што им стојат на располагање. Во матичната фабрика во Цуфенхаузен е пуштена во работа нова постројка за мешање на боите.

Ексклузивната мануфактура може да изработи боја што се состои од десетици тонови, точно до милиграм. Секоја шаржа се дели на два дела, еден за каросеријата, еден за вратите и хаубите. Тоа е потребно, затоа што делови од каросеријата се состојат од алуминиум, пластика или карбон, а за тие да се лакираат е потребно дополнително нијансирање за секој различен материјал. Причината за тоа е различната постапка на нанесување на бојата, како и различната температура на сушење.

„Боја по избор“ е замена за претходната опција „индивидуално лакирање“

Меѓу новите бои што се користеле кај култните модели на Porsche се вбројуваат – оригиналното германско име на боите – maritimblau (морско сина), sternrubin (рубин црвена) и mintgrün (ментол зелена). Тоа се бои од 1990-те години, користени кај 911 од генерацијата 964.

https://photos.app.goo.gl/7zBvL4JqbaiMnaBk6

За секоја моделска серија има различни опции. За сериите 911 и 718, значи за класичните модели со две врати, може да се избира од повеќе од 100 дополнителни бои. За Panamera, Macan и Cayenne има над 50 опции, за електричниот Taycan се нудат 65 екстра бои.

https://photos.app.goo.gl/qTQrttJMiRJ2Lyhk6

Времето за испорака се продолжува за три месеци. Цената за оваа опција кај повеќето од „двовратните“ модели 911 и 718 изнесува 8.806 евра во германскиот ценовник, кај 718 GT и кај 911 Turbo, Turbo S и кај моделите GT мора да смета на дополнителни 9.877 евра.

Понудата од почетокот на следната година ќе биде вклучена во конфигураторот на Porsche.

Опцијата за боја по избор има и втора опција, а тоа е „боја по избор плус“. Во тој случај може да се нарача која било боја, за моделските серии 911, 718 и Taycan. Дамите можат своето Porsche да го лакираат во тонот на својот омилен лак за нокти.

https://photos.app.goo.gl/M1a9S34KHwiYaE5y9

Соодветно растат и цените. За повеќето моделски изведби, оваа опција чини 17.612 евра, односно 19.754 евра за 718 GT и 911 Turbo, Turbo S и за моделите GT.

>>> Porsche ја зголемил продажбата за 13 проценти

Претходна објаваШест од седумте кандидати за автомобил на годината се електрични
Следна објаваКако авто-производителите постигнаа рекордни заработки во чип-кризата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here