за

Porsche стартуваше успешно на берзата, Volkswagen заработи 9,4 милијарди евра

Почетокот на тргувањето со акциите на Porsche на берзата му донесе на концернот Volkswagen заработка од 9,4 милијарди евра, во едни од најпредизвикувачките пазарни услови во историјата.

Акциите на Porsche, на отворањето на берзата во Франкфурт, ја зголемија вредноста за 1,8 процент, на 84 евра, пред да се вратат на понудената цена од 82,50 евра по акција. Тоа е горната рамка на почетниот распон на акциите на Volkswagen Group, коишто компанијата ја вреднуваа 75 милијарди евра.

Концернот Volkswagen заработи 9,4 милијарди евра од пуштањето на акциите на Porsche на берзата. Тоа е најголемата почетна јавна понуда во изминатата деценија, што е остварена во едни од најпредизвикувачките пазарни услови во последните години.

Денес се испоплни голем сон на Porsche,” изјави извршниот директор на VW Group, Оливер Блуме. „Нашиот зголемен степен на автономија нé става во одлична позиција да ги имплементираме нашите амбициозни цели во следните години.“

Берзанскиот старт на производителот на култниот 911 е храбар чекор на отворениот пазар, на којшто не се случуваа многу новини во поголемиот тек од годината. Компаниите се воздржуваа од купување нови акции на берзата, поради европската енергетска криза, растечките камати и рекордната инфлација.

Историскиот потег ќе ѝ овозможи на VW Group да издвои фондови за напредување во електрифијкацијата на својата понуда од модели. Среќни се и инвеститорите од тоа што ќе стекнат удел во марка што се поврзува со емоциите. Истото му успеа на Ferrari кога се одвои од Fiat во 2015 година.

New item by Automedia MK / Google Photos

Аналитичарот Филип Хушоа од Jefferies, цени „кога можеш да настапиш со почетна јавна понуда во толку тешки пазарни услови, тоа покажува колку е атрактивен бизнисот. Porsche е зрел, добро познат бизнис, на којшто не му е потребен нов капитал. Porsche да се понуди на пазарот како целосно оформен бизнис и да се заработи, тоа е мошне импресивно.“

Цената на акциите ја става вредноста на Porsche блиску до вкупната пазарна капитализација на VW Group, со нејзините марки Audi, Skoda, Seat, и матичната марка VW, меѓу останатите. Берзанскиот старт привлече и негативни критики, поради сложената структура.

Продажбата на акциите направи вредноста на Porsche да биде мнопгу блиску до пазарната капитализација на концернот Volkswagen, којшто вреди 84 милијарди евра

VW Group го подели капиталот на еднакви делови од акции со право на глас и акции без право на глас, со тоа што групацијата заржува 75 проценти од сопственоста.

Околу 12,5 проценти од вкупниот капитал во акции – само акции без право на глас – понуден е јавно, а најголемиот дел им припаѓа на четири светски инвеститори. Qatar Investment Authority, Норвешкиот фонд, T. Rowe Price и ADQ, заедно со обврзаа да учествуваат со 3,7 милијарди евра во првичната јавна понуда.

New item by Automedia MK / Google Photos

Останатите 12,5 проценти од акциите им припаѓаат директно на најголемите акционери во VW Group, на милијардерските семејства Порше и Пиех, преку нивната инвестициска компанија Porsche SE. Семејствата веќе поседуваат мнозински 53 проценти од акциите со право на глас на VW. Под условите на првичната кавна понуда, тие ќе стекнат и 25 проценти плус 1 акција од гласачките акции во Porsche AG, а ќе платат и мала премија за да ги преземат преференцијалните акции вредни вкупно 10,1 милијарди евра.

Фамилиите Порше и Пиех ја враќаат контролата врз Porsche

До 2009 година, фамилиите поседуваа половина од Porsche и располагаа со сите права на глас, но беа присилени да ја продадат спотската марка на Volkswagen, откако не успеа нивниот обид да го преземат целиот германски концерн. Почетната јавна понуда им ја враќа контролата на фамилиите Порше-Пиех, со тоа што ќе имаат право да го блокираат надзорниот одбор на спортската марка.

Porsche очекува годинава да постигне 39 милијарди евра промет, со 18 проценти добивка по продадено возило. Тоа е за два процентни бодови повеќе од лани. Профитот во подолг рок треба да надмине 20 проценти.

„Во споредба со луксузните марки, Porsche и натаму постигнува раст во заработката и во маржата“, коментира европскиот аналитичар Даниел Реска. „Porsche ја зголеми продажбата значително само поради тоа што додаваше нови моделски серии, а мала е веројатноста дека тоа ќе може да продолжи во следните години.“

Возење Porsche издание 2022, автомобилите се други, уживањето исто

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Модели на Toyota се појавуваат 56 пати во Топ 10 ширум Европа

Citroen Oli е лабораторија за идеи за идните електрични модели