Гуми не се трошат, Pirelli со 650 милиони евра загуба

Италијанскиот производител на гуми Pirelli претрпе голема штета во пандемијата и го заврши првото тромесечје од годината со загуба. Од јануари до април, компанијата се збогувала со 653,5 милиони евра готови пари. Во првиот квартал од минатата година, загубата во готовина сепак била повисока и изнесувала 753,5 милиони евра.

Прометот на Pirelli исто така се зголемил во споредба со истиот период лани. Со 1,24 милијарда евра, производителот на гуми го зголемил прометот за 18 проценти. Чистата оперативна заработка изнесува 168,8 милиони евра, што е за близу една петина повеќе од лани.

Pirelli ги потврди плановите за годинава. Менаџментот очекува прометот да се зголеми до дванаесет проценти, на 4,7 до 4,8 милијарди евра. Како оперативна заработка се планира износ од 14 до 15 проценти од прометот. Во минатата година, оваа вредност изнесуваше 11,6 проценти.

Италијанците имаат оптимистички очекувања дека пазарот на автомобилски гуми ќе закрепне годинава и ќе постигне пораст до десетина проценти.

Pirelli ги има првите автомобилски гуми во 5G-мрежата

Претходна објаваTesla повеќе не може да се купи со биткоин
Следна објаваШто сé забораваат луѓето кога оставаат стар автомобил во замена?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here