Pirelli ги има првите автомобилски гуми во 5G-мрежата

Pirelli гуми 5G
Pirelli гуми 5G

Pirelli е прв производител чијшто интелигентни гуми ги пренесуваат информациите за подлогата преку мрежата 5G. Со новата технологија во иднина ќе има уште побројни и уште поспособни системи за асистенција.

Италијанскиот производител на автомобилски гуми Pirelli ги претстави новите интелигентни гуми на покривот на фабриката на Fiat во Торино, којашто долги децении служеше како официјална тест-патека. Настанот беше организиран во соработка со Ericsson, Audi, Tim, Italdesign и KTH. Цел на презентацијата беше возилото опремено со гуми Pirelli Cyber и поврзано на мрежата 5G.

На покривот на старата фабрика се демонстрираше како гумите на возилото ги испраќаат информациите за опасноста од аквапланинг до возилото назад. Овој пренос на податоци се овозможува преку стандардот 5G, чијшто одлики се брз пренос и ултрависока фреквенција.

Гумите се единствената допирна површина меѓу возилото и патот. Благодарение на технологијата што ја усовршува Pirelli, гумите во иднина ќе комуницираат со возилото, со возачот, а преку 5G и со целата патна инфраструктура. Гумите Pirelli Cyber, кои поседуваат посебен сензор, до возилото ќе испраќаат податоци за моделот на гумата, за извозените километри, за динамичното оптоварување, а за првпат и за опасноста на патот, како на пример за опасност од појава на аквапланинг.

https://photos.app.goo.gl/cAPdRCbCPdtATT6FA

Овие информации ќе овозможат автомобилот да ги приспособи своите системи за асистенција, со што се постигнува натамошно подобрување на безбедноста, но и на комфорот и перформансите. Во исто време, информациите ќе се пренесуваат и до останатите возила и до патната инфраструктура.

https://www.instagram.com/p/B44ox6moMV3/

Претходна објаваФабриката на Tesla во Берлин ќе вработува 3.000 лица
Следна објаваMercedes обучи 45.000 работници за електричниот погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here