Фабриката на Tesla во Берлин ќе вработува 3.000 лица

Tesla Model Y bela
Tesla Model Y bela

Властите во германската покраина Бранденбург се подготвуваат за новата фабрика на Tesla во близина на Берлин. За почеток, локалните власти ќе обезбедат оперативна група којашто ќе помага околу изградбата на фабриката и обезбедувањето работен персонал.

Властите на германската покраина Бранденберг во следниот петок (22-ри ноември) ќе стартуваат со оперативна група, којашто ќе нуди експертска и консултантска помош околу најавената изградба на фабрика на производителот на електрични автомобили Tesla во Грунхајде, во подрачјето на општината Одра-Шпре.

Шефот на калифорнискиот специјалист за електрични возила Илон Маск неочекувано го најави проектот во вторникот, додека ја преземаше наградата „Златен волан“ во Германија. Фабриката ќе се гради на индустриска површина во Грунхајде, во близина на автопатот број 10. Во почетокот во фабриката ќе работат повеќе од 3.000 лица. Градежните работи се планира да започнат во првото тромесечје од следната година. Производството би стартувало во 2021 година.

Маск преку својот профил на твитер најави дека првиот модел што ќе се произвдедува во фабриката ќе биде Model Y, компактен СУВ врз основа на бестселерот Model 3.

https://twitter.com/p_humm/status/1194379773209919488?s=20

 

Претходна објаваMini во две крајности: Cooper на струја и „Works“ со 306 КС за Лос Анџелес
Следна објаваPirelli ги има првите автомобилски гуми во 5G-мрежата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here