за

Дамите бираат: Peugeot 308 е светски урбан автомобил на 2022 година

Жири составено од 56 дами од четириесет држави од цел свет го избра Peugeot 308 да ја понесе титулата на најдобар урбан автомобил за 2022 година.

Големи постигнувања и страст. Дамскиот избор на автомобил на годината ни потврдува дека тоа се цени најмногу, кај автомобилите исто така. Peugeot 308 е победник во изборот за 2022 година во категоријата на урбани автомобили.

Во дванаесеттата година на одржување на Светски автомобил на годината во избор на дамите, победник во категоријата на урбани модели е Peugeot 308. „Големи постигнувања во безбедноста, возењето, технологијата, дизајнот, ефикасноста во поглед на животната средина и противредноста“, сето тоа совршено е соединето во новиот модел на Peugeot. Така цени жирито од 56 дами од 40 држави од 5 континенти, коишто го сочинуваат изборот за Светски автомобил на дамите. Вкупно 65 кандидати се натпреваруваа пред дамите да освојат бодови.

Линда Џексон, извршна директорка на Peugeot и една од највпечатливите дами од врвен менаџерски ранг на автомобилската сцена, коментираше веднаш по објавувањето на убавите вести: „Фактот што новиот Peugeot 308 е именуван за најдобар урбан автомобил за 2022 година од жирито што е составено исклучиво од дами, и од најразлична географска заднина, прикажува колку стратешките избори се важни за Peugeot. Единствениот изглед, врвните технологии, емоциите што се чувствуваат во возењето и понудата од мотори, вклулчувајќи и електрифициран погон, прави Peugeot 308 да биде совршен избор за корисниците во секоја земја ширум светот.“

Конечниот носител на титулата на Светски автомобил на 2022 година во избор на дамите ќе биде познат на 8-ми Март

Следен предизвик за автомобилистките, по изборот на победничките модели во шестте категории (урбано возило, семеен СУВ, семеен автомобил, голем СУВ, спортски автомобил и 4х4), ќе биде изборот на финалниот Автомобил на годината по избор на дамите. Тоа ќе се случи во почетокот на март, за потоа да следи прогласувањето на носителот на главната титула, на 8-ми Март, Светскиот ден на Жената.

Peugeot 308 веќе беше на тест-возење во редакцијата на Аутомедиа и нашите впечатоци ги објавивме во репортажата што одеше во серија приказни на инстаграм, како и во редовна објава на порталот. Од реакциите што публиката ги покажува за моделот, сосем е извесно дека станува збор за автомобил што ќе ја одбележи тековната, но и годините по оваа, особено по премиерата на електричната верзија Peugeot e-308, што треба да се случи веќе в година.

>>> Тест-возење на Peugeot 308: Колку француски може да биде еден автомобил?

Peugeot ужива доверба кај дамите. Француската марка лани постигна двојна победа, со Peugeot 2008 во категоријата на урбани СУВ-модели, како и со Peugeot 208 во категоријата на урбани автомобили. 

Победници во категориите на Светски автомобил на 2022 година во избор над амите

Урбан Модел  Семеен СУВ  Голем автомобил
Peugeot 308 Kia Sportage Ford Mustang Mach-E 
Голем СУВ  Спортски автомобил  4X4
BMW iX Audi e-Tron GT Jeep Wrangler 4xe 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes E-Class распродаден во Германија до 2023 година

Fiat е 100% под напон: Хибрид во 500X и Tipo