Шефот на Fiat го кажува тоа многу јасно: „Зелено е само кога за сите е зелено“. Хибридните моделски изведби во гамата на 500X и Tipo постигнуваат потрошувачка намалена до 11%. Станува збор за 48-волтен стартер-генератор, односно за благ хибриден погон.
Први беа моделите 500 Hybrid и Panda Hybrid, потоа следеа New 500 и Ulysse, а сега и 500X и Tipo добиваат 48-волтен благ хибриден погон. Fiat го исполни ветувањето дека ќе понуди најмалку по една изведба со псоебно ниска емисија во сите свои моделски серии.
Оливие Франсоа, извршен директор на Fiat и маркетинг директор на Stellantis, потсеќа дека има уште ветувања што треба да се исполнат: „Секоја година ќе лансираме по еден нов модел, почнувајќи уште во 2023 година. Секој модел ќе располага со електромотор, за потоа да постигнеме целосна електрификација на понудата во 2027 година“.
Воведувањето благ хибриден погон во 500 и Panda, несомнено беше уште еден силен поттик за веќе солидната продажба на двата модели. Лани од двата модели биле продадени 200.000 примероци – со благ хибриден погон. Новите 500X Hybrid и Tipo Hybrid исто така се достапни во специјалната серија RED, којашто е дел од општата борба против пандемијата.
https://photos.app.goo.gl/mBRJZnu7W4FK7eJK8
Погонската спрега ја сочинуваат новата генерација мотори FireFly, со зафатнина од 1,5 литар (претодно 1,3 литар) со турбонатполнење, со моќност од 130 КС и вртежен момент од 240 Nm, заедно со стартер-генератор, односно електромотор од 15 kW (20,5 КС) и 7-степен менувач со двојна спојка.
https://photos.app.goo.gl/bF3iXKYGsx53LDxQA
Двата големи модели со благ хибриден погон се први во гамата на Fiat што дозволуваат електромоторот самостојно да го движи возилото. Според Италијанците, моторот може да остане изгаснат во 47% од времето при нормирано возење според WLTP. Во град, вредноста се искачува на 62 проценти. Овие фантастични вредности, веројатно се однесуваат на сценарио кога електромоторот, односно стартер-генераторот, помага да се одржи залетот, што е постигнат претходно, додека работел моторот.
Вредностите на потрошувачката и на забрзувањето се следните:
- 4.7 L/100 km во споредба со 5.0 L/100 km на дизелот од 1,6 литар во Tipo;
- 5.1 L/100 km во споредба со 5.4 L/100 km на дизелот од 1,6 литар во 500X.
- Спринтот до темпо сто трае 9 секунди (Tipo) односно 9,4 секунди (500X)
Од лансирањето во 2014 година, од кросоверот Fiat 500X досега се продадени над 750.000 примероци. Станува збор за вистински светски модел, што е достапен насекаде. Дури 60% од купувачите доаѓаат во Fiat од друга марка. Екстра оригиналност дава можноста за платнен покрив, 500X е единствен СУВ што ја нуди таа опција.
https://photos.app.goo.gl/v3nXZX3CNHS7EPaN8
Новото моделско годиште се познава по новото лого 500 напред, како и по новиот натпис Fiat назад. Покрај четирите нивоа на опрема – Cult, Club, Cross и Sport – како и две каросериски изведби (класична и Dolcevita со платнен покрив), купувачите можат да избираат меѓу мотори 1.0 GSE T3 со 120 КС, 1.3 MULTIJET со 95 КС и 1.6 MULTIJET II со 130 КС. Хибридот е уште една погонска опција.
Hai scoperto tutte le nostre #500SfumatureDiRED, adesso tocca a te! Quale momento romantico ti ha fatto arrossire dall’emozione? Scrivilo in un commento e tagga la persona con cui lo hai condiviso! #SanValentino pic.twitter.com/18O6waPmw7
— Fiat Italia (@Fiat_IT) February 14, 2022
Нарачките за Fiat 500X Hybrid и за Tipo Hybrid, коишто се произведуваат во Мелфи во Италија, однсоно во Тофаш, Турција, стартуваат во февруари. Првите возила ќе пристигнат кај дилерите веќе во април.
















