Намерниците по нов Mercedes-Benz E-Class ќе мора да се стрпат до следната пролет. На производствената лента во Зинделфинген нема место за нови нарачки. Сé е полно до март 2023 година, кога ќе престане производството на тековниот модел и ќе преземe наследникот. Тоа важи само за Германија, останатите пазари се услужуваат вообичаено.
Прво беше G-Class, а сега следи и E-Class. Mercedes во фабриката во Зинделфинген повеќе нема место за нови нарачки од купувачи од Германија. Веста ја објави германскиот магазин auto motor und sport, од каде што наведуваат и податок дека на 14-ти февруари биле останати за продажба само уште седум примероци од E-Class на вебсајтот на Mercedes.
Нема место за нови нарачки, затоа што во март 2023 година престанува производството на тековниот модел од генерацијата W 213. Германските возачки и возачи ќе можат да ја нарачаат единствено комби-изведбата T-Modell, за којашто постои помала побарувачка отколку за лимузината. Магазинот официјално добил потврда од Mercedes за веродостојноста на овој „проблем“.
Од канцеларијата во Штутгарт е пристигнато соопштение до редакцијата на магазинот auto motor und sport: „Многу нé радува тоа што продолжува високата побарувачка за E-Class. Порастот во бројот на нарачки ширум светот доведе до тоа, нашиот тековен производствен волумен да се исцрпи и за жал повеќе не можеме да прифаќаме нови нарачки од клиенти во Германија. На нашите клиенти и натаму им стојат на располагање демо- и дилерските возила. Т-моделот од E-Class може и натаму да се нарачува.“
Прво дојде веста дека G-Class е распродаден до 2024 година, сега следи и E-Class
https://twitter.com/hausinger_ihk/status/1487859287384899594?s=20&t=jrFOw4huJfiVfRN2bmaAcw
Во меѓувреме почнаа да се објавуваат и првите шпионски фотографии од новата генерација на моделот, од W 214. Премиерата на новата E-Class се очекува веќе пред крајот на годинава. Повеќе нема да се вградуваат осумцилиндарци, вклучувајќи ги и AMG-моделите. Место со цилиндри, моќта ќе се постигнува со електромотори.
>>> Mercedes-Benz лани продал 2,4 милиони автомобили и ванови
















