за

Peugeot во Шпанија закажува сервис онлајн, 100% дигитализација

Дигитализацијата е веројатно вториот најчесто спомнуван збор на автомобилската сцена, по електрификацијата. Шпанската сервисна мрежа на Peugeot има интересен систем.

Возачките и возачите на Peugeot во Шпанија можат да закажат термин за сервисирање на возилото онлајн, во само 4 чекори. Доколку при проверката на возилото во сервис се утврди некоја неисправност, сервисерите прават видеоснимка и преку телефон му ја испраќаат на сопственикот. Многу згодно.

Новиот Peugeot 308 при неодамнешниот тест покажа колку во меѓувреме е напредувана дигитализацијата во автомобилите. Поврзувањето на возилото со телефонот е едноставно исто колку пуштање светла – што денес патем се одвива автоматски – по што во кокпитот на новата „тристотка“ можат да се користат речиси сите онлајн-услуги. Сето тоа создава ново доживување, без да се ризикува безбедноста во возењето

Во некои земји, дигитализацијата на корисничкото искуство во марката Peugeot е напредувана дотаму, што автомобил може да се купи целосно онлајн. Шпанија е пример за таков пазар. Дигитализацијата таму важи и за сервисирањето на возилото. Датум и време за возилото да се остави на сервисирање може да се закажат онлајн, да се дознае колку би чинела поправката или замената на деловите во рамките на редовното одржување на возилото. Целата постапка се врши преку телефон, таблет или компјутер.

Тоа што прави сопствениците да имаат целосна доверба во сервисирањето во Peugeot е можноста сервисерот да сними видео од одреден дел, доколку увиди дека тој е оштетен или истрошен. Видеото веднаш му се испраќа на сопственикот и му се соопштува цената на поправката. Сопственикот потоа одобрува поправката да се изврши додека возилото е веќе во сервис или договара тоа да се изврши во друга пригода. Тоа од една страна му носи поголема комоција на сопственикот, затоа што не мора повторно да се враќа во сервис, а од друга страна е добро и за безбедноста и за задржувањето на вредноста на возилото.

New item by Automedia MK / Google Photos

Возачките и возачите на Peugeot во Шпанија закажуваат термин преку посебен вебсајт https://cita-taller.peugeot.es/. Прво се прикажува карта на којашто се избира најблискиот сервис или локација по желба, по што следи избор на датумот и на времето. Во следниот чекор се посочуваат зафатите што се неопходни врз возилото, со избор на најчестите видови зафати, од типот на редовно одржување, проверка на клима, сопирачки, ветробран, промена на масло, гуми, акумулатор и слично.

По оставањето на личните податоци преостанува само уште потврдување на терминот.

Тест-возење на Peugeot 308: Колку француски може да биде еден автомобил?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda и Sony договорија соработка за електрични автомобили

Најважното прашање: Како да заштедите гориво?