Peugeot како на домашен терен на Салонот во Париз

Peugeot најавува три светски премиери на својот штанд на салонот во Париз, на Мондијалот на автомобилите, што почнува веќе на 17-ти октомври. Секако дека голем нагласок ќе биде поставен на електричните модели, но и на традиционалната доблест на Peugeot, на создавање автомобили што побудуваат емоции.

Омилената марка на Французите, според редовната анкета на институтот YouGov, во сите категории, ќе изложува на Порте де Версај, на салонот на автомобили во Париз, од 17-ти до 23-ти октомври.

На штанд со површина од 900 метри квадратни во Хала 4, под масивен банер на којшто ќе биде напишано „Everything is more beautiful with Allure“ (сé е поубаво когфа се прави со привлечност), Peugeot ќе изложува 3 светски премиери:

Peugeot 408, којшто францускиот производител секогаш го најавува како „неочекуваниот“, ќе биде поставен спектакуларно, во проѕирна сфера, што ќе овозможи автомобилот да се погледне буквално од секој агол.

Peugeot 408

https://photos.app.goo.gl/Pt6nvz4qeTny3ZR16

Peugeot e-208, најпродаваниот електричен автомобил во Франција и модел со повеќе од 110.000 продадени примероци досега, добива апдејт, со нов електромотор, истиот како во Peugeot e-308, што во исто време обезбедува и 15% повисока моќност и за 10,5% подолг досег, поради подобрената ефикасност.

Peugeot e-208

https://photos.app.goo.gl/h46tp24eoN5jZDrS9

Peugeot e-Streetzone, електричен скутер, со којшто марката покажува дека си зема обврска да воведе електричен погон во сите видови на превоз. Со едно полнење се вози 112 километри, батеријата може да се понесе дома или на работа.

Peugeot e-Streetscooter

https://photos.app.goo.gl/fmSNFUn2KYVLgAjYA

Peugeot 408 ќе биде прикажан во проѕирна сфера

https://photos.app.goo.gl/TZJ7dHVo54tjfzNw9

На штандот ќе се најде и тркачкиот хиперавтомобил Peugeot 9X8, што од годинава веќе вози во светското првенство во издржливост WEC

https://photos.app.goo.gl/qZa2Svd3VVW9ADhZ9

Фановите на тркачки автомобили со електрифициран погон ќе можат да се одушевуваат на хиперавтомобилот PEUGEOT 9X8 Hybrid. Тоа ќе биде негово прво појавување на салон, заедно со панданот од сериско производство, спортскиот PEUGEOT 508 PSE, со свои хибридни 360 КС, два електромотори и технологија развиена од истите инженери.

На посебен штанд во Хала 3 ќе може да се погледне и технологијата на водороден погон со горивни ќелии. Оваа технологија се нуди во PEUGEOT E-EXPERT HYDROGEN, којшто воедно ќе биде достапен и за пробно возење за време на салонот.

Секако дека Peugeot на посетителите на салонот ќе им понуди можност да се запознаат со личностите што се повзуваат со успесите на марката и личности што ја застапуваат истата: Мис на Франција, моделката Диана Леир, возачите на PEUGEOT 9X8 Hybrid и рагбистите на Stade Toulousain.

Како новиот Peugeot 408 научи да лебди

Претходна објаваNissan ја продаде фабриката во Русија за 1 евро, загуби 687 милиони долари
Следна објаваBMW M2 нов и верен на традицијата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here