за

Nissan ја продаде фабриката во Русија за 1 евро, загуби 687 милиони долари

Nissan ѝ ги продаде на државата своите капацитети во Русија, со можност да го откупи бизнисот во следните шест години.

Nissan Altima-te AWD

Nissan за 1 евро ќе го препушти својот бизнис во Русија на конзорциум во државна сопственост, со што губи околу 100 милијарди јени, односно 687 милиони долари. Тоа е последната глобална компанија којашто заминувањето од земјата ја чуни скапо.

Јапонскиот производител на автомобили ќе ги префрли своите акции во Nissan Manufacturing Russia на државниот конзорциум Nami. Како што соопштува руското Министерство за индустрија и трговија, спогодбата му дава на Nissan можност да го врати бизнисот во следните шест години.

Со договорот се опфатени фабриката и развојниот центар на Nissan во Ст. Петерсбург, како и продажниот и маркетинг центар во Москва.

Nissan го прекина производството во својата фабрика во Ст. Петерсбург во март, поради прекин во синџирот на добавување. Оттогаш, компанијата и нејзината локална подружница будно ја следеле ситуацијата, се вели во соопштението. Меѓутоа, „нема на повидок“ промени во надворешното опкружување, поради што компанијата реши да ја нашушти земјата.

Mitsubishi, како партнер во алијансата, исто така размислува да ја напушти Русија, објави дневникот Nikkei. Од компанијата соопштија дека уште не е донесено решение.

Ова е последната голема компанија што ја напушта Русија, откако во февруари започнаа воените операции во Украина. Nissan го следи чекорот на партнерот од алијансата, Renault, којшто во мај ја продаде на руски инвеститор својата главнина од акциите во рускиот производител на автомобили Avtovaz. Французите го продадоа својот удел во Avtovaz за една рубља.

Рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров цени дека тоа што Nissan Manufacturing Russsia ги препушта своите капацитети на државата, претставува „зделка од огромно значење за индустријата“.

Nissan лани продаде 53.000 возила во Русија

Веста за заминувањето на Nissan доаѓа во време кога компанијата е пред клучни промени во алијансата со Renault. Двете партнерски компании објавија дека преговараат околу иднината на алијансата. Се предвидува и можност Nissan да инвестира во новиот бизнис со електрични возила на Renault, што ќе биде издвоен како посебен субјект.

Во преговорите, коишто водат кон најголемата промена во алијансата, откако долгогодишниот шеф Карлос Гон беше приведен во 2018 година, се зема предвид и можноста Renault да продаде дел од својот мнозунски удел во акциите на Nissan.

Renault поседува 43 проценти од Nissan. Доколку јапонскиот партнер го реализира планот, на сметката на францускиот производител ќе пристигнат 331 милиони евра.

Renault ги продава акциите во АвтоВАЗ, новиот сопственик презема за 1 рубља

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Етиопија укина ДДВ, акциза, данок за електрични возила

Peugeot како на домашен терен на Салонот во Париз