за

Етиопија укина ДДВ, акциза, данок за електрични возила

Постои голема причина зошто африканските држави се залагаат за брза електрификација на возниот парк. Увозот на нафта им ги празни скромните девизни залихи.

Тоа би можело да им биде поучно и на овдешните државници. Увозот на фосилни горива им претставува голем финансиски товар на африканските држави и само ги празни девизните залихи, што и без тоа се скромни.

Африка е за електромобилност. Најголемата увозна стока во Зимбабве се фосилните горива и деривати, коишто учествуваат со 19,2% во вкупниот увоз во земјата. Слична е ситуацијата во Кенија, којашто лани го зголемила увозот на нафтени продукти за 12 проценти, со вкупно 6,4 милиони тони горива, вредни 3 милијарди долари. Етиопија годишно троши околу 4 милијарди долари на увоз на нафтени деривати.

Поттикнувањето на продажбата на електрични возила и замената на фосилните горива што ги празнат девизните залихи, со чиста електрична енергија од сопствено производство, во подолг рок ќе доведе до напредување на економијата во африканските држави. Етиопија произведува 100% од електричната енергија од хидроцентрали и ветер. Од вкупно 15.075 GWh произведени во 2020 година, 14.404 GWh потекнувале од хидроцентрали, додека ветриштата произвеле 609 GWh.

Етиопија исто така го зголемува капацитетот на хидроцентралите, вклучувајќи ја GERD (Grand Ethiopian Renaissance Dam) со капацитет од 5.150 MW. Тоа ќе додаде нови 15.500 GWh чиста енергија во билансот на африканската држава.

Земјата веќе привлекува инвеститори во електромобилноста. Marathon Motor Engineering, заедничка инвестиција на Hyundai Motor Company и на олимпискиот шампион Хаиле Гербреселасие, започна со монтажа на електричниот Hyundai Ioniq во Етиопија уште во 2020 година. Во меѓувреме се отвораат фирми за продажба на електрични возила и за складирање енергија.

За да ги ослободи електричните возила од сите давачки, Министерството за финансии на Етиопија неодамна воведе ослободување на сите електрични возила од ДДВ, акциза и данок на возило. Компаниите што ќе вршат монтажа на возила од полуготови модули (CDK), исто така се ослободуваат од царина.

Министерството за транспорт и логистика има 10-годишен план за да овозможи увоз на најмалку 4.800 електирчни автобуси и 148.000 електрични автомобили.

Peugeot 2008 е автомобил на годината во Јужна Африка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест · DFSK Glory 500 1.5 CVT · Автомобил за којшто не постои „но“ и „ама“

Nissan Altima-te AWD

Nissan ја продаде фабриката во Русија за 1 евро, загуби 687 милиони долари