Французите „телеграмски“ јавуваат за исходот од продажбата на домашниот пазар во април. Главната вест е дека Пежо е најпродавана марка батериски електрични возила во Франција. Тоа важи и на ниво на месец и вкупно во првите 4 месеци.
Електричниот Пежо 208 го имаше најдобриот тест кога Вашата Аутомедиа пред три години отпатува со него до мариовска Градешница, до живописниот и исконски македонски крај, што се поврзува со многу нешта, па и со Итар Пејо и Калеш Анѓа. Повеќе од 60 километри далеку од секаков полнач.
Токму затоа и не изненадува тоа што Пежо Е-208, во меѓувреме со едно моделско освежување и со втора варијанта, со поголема батерија (преку 400 км) и 156 кВ моќност, ја зголемил продажбата на францускиот пазар за 60,1 проценти во споредба со јануари-март лани. Со тоа, 208 и натаму е лидер во продажбата на БЕВ на домашниот пазар.
Пежо ја зголемил вкупната продажба на патнички и доставни возила во Франција за 4,7 проценти во првите 4 месеци, во споредба со истиот период лани.
Пежо 208 го задржи местото на најпродаван автомобил во Франција, со пазарен удел од 5,5 проценти, што е за 0,6 процентен бод повеќе од лани.
Само на пазарот на доставни возила, Пежо до април продал за 13,1 проценти повеќе возила. На марката со лавот ѝ припаѓа близу една петина (17,1%) од пазарот, за 0,4 процентен бод повеќе од лани. Со тоа, Пежо е втора најпродавана марка доставни возила на францускиот пазар.
Галерија од возењето електричен Пежо 208 до мариовска Градешница
Пежо годинава води и на пазарот на службени возила . Пежо 308 е најпродаван автомобил што се регистрира на име на компанија во 2024 година.
„Пежо 208 и неговата електрична изведба Пежо Е-208, продолжуваат да освојуваат широк круг купувачи, што ги потврдува квалитетот и привлечноста на нашите модели. Нашиот нов Пежо 3008 осто така е подготвен за добар старт“, кажува Зинеб Гут, директор на Пежо Франција.
Јапонија и Кореја ѝ се нов таргет на првата дама на марката Пежо
Шефицата Линда Џексон во меѓувреме освојува нов пазар, Пежо деновиве има гласна промоција пред корејските купувачи. Марката претходно имаше активности и во Јапонија.
The scenic Banpo Hangang Park on the Han River in Seoul was the location for a @Peugeot Korea roadshow this month. Visitors were invited to a picnic with #Peugeot, with the newly-launched new #Peugeot408 to be discovered alongside the rest of the Lion range. pic.twitter.com/BLAazctybB
— Linda Jackson (@LindaJackson) May 2, 2024
















