за

Шефот на Фиат има големи планови со електричниот „500“ во САД

Извршниот директор на Фиат, Оливие Франсоа, цени дека има одличен продажен аргумент за италијанскиот електромобил: „Тоа не е замена ниту за лимузина, ниту за СУВ.“

Розово-златната боја на Фиат 500 е носи име „Инспирирана од убавина“. Новиот модел има подолг досег, поголем е и полни побрзо од верзијата што се продаваше во САД уште во 2013 година.

Фиат повторно ќе се обиде да ја продава целосно електричната изведба на „чинквеченто“ во САД. Извршиот директор на Фиат, Оливие Франсоа, убеден е дека новиот модел ќе биде многу поуспешен од претходникот, што имаше ограничен досег и се произведуваше во Мексико.

Првиот 500е се продаваше во САД од 2013 до 2019 година, во Калифорнија и Орегон. Службено признаениот досег изнесуваше 140 километри, со батерија од 24 кВч. Возилото се продаваше по цена од 32.000 долари, меѓутоа постоеше и можност за изнајмување под поволни услови.

Новиот 500е практично e ист со европската верзија и се произведува во Италија, на посебна платформа што е предвидена за него. Од лансирањего во 2020 година, Фиат има продадено повеќе од 185.000 примероци. Продажбата забави во последно време, бидејќи некои големи пазари – главно Германија, ги повлекоа субвенциите и општо целиот пазар на ЕВ забавува.

Франсоа велчи дека за новиот 500е постојат добри изгледи дека ќе наиде на поширока прифватеност во САД, иако купувачите таму повеќе се решаваат за многу поголеми автомоили и пикапи, без разлика дали се електрични или со бензински погон. Дополнителна корист за концернот Стелантис е тоа што продажбата во САД може да ја зголеми продукцијата во фабриката Мирафиори во Торино.

Нов модел, ново позиционирање

„Содржината се разликува“, кажа Франсоа во интервју во минатиот месец. „Тогаш моравме да почитуваме други закони. Денес Стелантис се подготвува за голема офанзива со ЕВ во Северна Америка, така што треба да ги заинтересираме купувачите за електричните автомобили.“

Новиот 500е нуди многу повеќе квалитети од претходниот модел, кажува шефот, опишувајќи го како „урбана Тесла.“ Приближно со иста цена како стариот модел, тој нуди досег до 241 километри, поголем е и полнењето е брзо. Според европските норми, досегот е 322 километри.

Франсоа ги покани новинарите во САД да го возат стариот и новиот модел – тоа е „нешто што не е многу популарно кај ПР тимовите,“ објаснува Франсоа. На тој начин, тие ќе можат да го „метаболизираат овој огромен напредок што го постигнавме.“

Франсоа, кој е воедно и шеф на марката ДС Аутомобил и директор за маркетинг за целиот концерн Стелантис, вели дека Фиат не ги повикува купувачите во САД да се откачат од своите пикапи или СУВ со големи бензинци, за да набават 500е. Тој вели дека возилото е совршено за секојдневно возење и за користење во град, како втор или трет автомобил пред домот.

„Мојата главна порака е дека не се обидуваме да го продаваме овој автомобил како замена за лимузина или СУВ,“ порачува Франсоа.

Во почетокот, 500е ќе се продава во САД во само три бои: Црвена, розово златна што се води како „инспирирана од убавина“ и црна што има скапо аудио и се води како „инспирирана од музика.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пежо 208 останува најпродаван автомобил во Франција

Дефендер потсетува дека доаѓа од иста куќа со Рејнџ Ровер