за

Peugeot за минимум СО2: Прво 2500 km со електрични автомобили, потоа едреници

Триесетина личности од германската филмографија имаа несекојдневна авантура. Од Германија се патуваше до грчки Пиреј со електрични автомобили Peugeot, потоа следеше регата со едреници.

Peugeot во соработка со германскиот актер и документарист Ханес Јенике ја организираше регатата со едреници Pelorus Jack Ocean Trophy. Во рамките на настанот, 30 личности од германскиот филм и телевизија, ги посетија најважните места за заштитата на животната средина во Саронскиот Залив. Од Минхен до Атина се патуваше со електрични и хибридни автомобили Peugeot.

Грижата за животната средина е новата „забава“ за јавноста. Peugeot и германскиот актер и документарист Ханес Јенике, познат меѓу другото и по ликот на Рикардо Артера во „Lost Treasure“, организираа регата со едреници Pelorus Jack Ocean Trophy, именувана според фондацијата за заштита на животната средина на Јенике.

Настанот во којшто покрај Ханес Јенике учествуваa актерката Паула Шрам и Феликс Кларе (тв-серија Tatort, Место на злочинот) беше организиран оригинално. Познатите личности од германската и светската сцена патуваа од Минхен до Пиреј со електрични и електрифицирани автомобили. На патот во должина од 2.500 километри се возеа електричен Peugeot e-2008 и спортска лимузина Peugeot 508 PSE со приклучен хибриден погон.

Во историскиот пристаништен град во непосредна близина на Атина стартуваше регатата низ Саронскиот Залив (познат е островот Саламина), со едреници. Целта беше целиот овој потфат да се заврши без емисија на штетни материи, односно со најмала можна емисија на СО2. Затоа се патуваше со електрични и електрифицирани автомобили, затоа и се пловеше со едреници, кои се најстарата форма на мобилност што ја познава човештвото.

Регатата ја поддржаа партнерите Beneteau, еден од најголемите бродоградители во светот, и Marinepool, кој е меѓу водечките производители на безбедносни елеци и друга облека за морепловството. Истата беше придружена од јахта со членовите на Peugeot Circle, клуб на сопственици и обожуватели на француската марка со лавот, коишто негуваат активен животен стил.

Peugeot 508 PSE е најсилниот сериски модел во историјата на француската марка, со 1,6-литарец со 200 КС и уште два електромотори, еден со 112 КС напред и друг со 110 КС назад.

Француската марка со лавот до крајот на годинава ќе постигне 80% електрификација на својата понуда од модели. Исто толку е амбициозен, но и се исполнува планот за целата понуда од доставни модели до крајот на следната година да вклучува по една целосно електрична моделска изведба.

>>> Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Citroën го електризира возниот парк на остров во Грција

Mercedes го произведе 35-милионитиот претворач на вртежен момент во Гагенау