Mercedes го произведе 35-милионитиот претворач на вртежен момент во Гагенау

Откако започна производството во Гагенау во 1979 година, до денес се изработени 35 милиони примероци од клучниот дел за класичните автоматски менувачи, што ги спојува моторот и автоматскиот менувач.

Искусните возачи можат веднаш да ја почувствуваат разликата меѓу автомобил со класичен автоматски менувач со претворач на вртежен менувач и менувач со двојна спојка, што исто така претставува вид на автоматски менувач. Разликата е во тоа што поаѓањето во првиот случај е меко, рамномерно и без загуба на сила, веднаш штом се отпушти педалата за гас. Тоа е одлика на автоматските менувачи во класичните моделски серии на Mercedes. Претворачот на вртежен момент учествува во „произведувањето“ на типичниот возен комфор на Mercedes-Benz.

Томас Творк, директорот на фабриката: „Тоа се одушевувачки бројки: Во фабриката на Mercedes-Benz во Гагенау произведуваме претворачи на вртежен момент повеќе од 40 години. Тоа што на оваа локација од лентите се симнаа 35 милиони примероци, благодарение е на исклучително високиот квалитет на нашите производи и високата побарувачка што произлегува од тоа.“

Во Гагенау се произведуваат најразлични варијанти на претворачот на вртежен момент за бројни модели на патнички автомобили на Mercedes-Benz. Деловите оттаму се испорачуваат во фабриките за менувачи на концернот.

 

Претходна објаваPeugeot за минимум СО2: Прво 2500 km со електрични автомобили, потоа едреници
Следна објаваŠkoda Karoq се појавува во ново издание на крајот на месецов

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here