за

Citroën го електризира возниот парк на остров во Грција

На првиот еколошки остров во Грција ќе се вози електричен Citroën. Островот Халки ќе претставува пример за одржлива средина без емисија на штетни материи.

Citroën обезбеди електрични автомобили за службениот возен парк на локалните власти на Халки, далечен остров на Егејот. Целта е Халки да прерасне во прв еколошки остров во Грција, а тоа подразбира и користење исклучиво електрични возила.

Citroën вложува на грчкиот остров Халки, поддржувајќи го пилот-проектот што треба островот да го унапреди во одржлива средина, во којашто меѓу другото ќе се користат исклучиво возила што не испуштаат штетни материи. Халки служи како пример за Европа. Повеќе партнери учествуваат во проектот, вклучувајќи го Syngelidis, увозник на француската марка, како и француските инвеститори во градежништво и инфраструктура Vinci и грчката енергетска команија Akuo.

Проектот е во согласност со целта на Citroën, електромобилноста да биде достапна секому, а воедно се почитува и иновативниот и авангарден дух на марката на Андре Ситроен.

Трансформацијата на островот Халки во одржлива средина, што е целосно без емисија на штетни материи, започна со потпишувањето на писмото на намери, меѓу грчката влада, увозникот на Citroën, Vinci и Akuo. Задача на Citroën и на увозникот Syngelidis ќе биде да обезбедат најразлични возила со електричен погон. За полнење на батеријата ќе се користи исклучиво обновлива енрегија. Целта е на сите жители и претпријатија на островот да им се овозможи користење електрични возила.

Се заложуваме за електрификацијата да ја направиме достапна за секого и горди сме што придонесуваме за Халки да прерасне во независен, паметен и одржлив остров

Висент Кобе, извршен директор на Citroën

New photo by Automedia MK / Google Photos

Citroën прво ќе обезбеди електрични возила Ami за полицијата и за крајбрежната стража, потоа ë-C4 и ë-SpaceTourer за локалните власти и ë-Jumpy за локалното претпријатие за енергетика. Возилата ќе бидат ставени на располагање во времетраење од 48 месеци. Потоа возилата ќе ѝ бидат подарени на општината Халки.

Жителите на островот ќе уживаат во отсуство на бучава, почист воздух, почиста животна средина и пониски трошоци за енергија. Во видно време, сите возила на островот ќе бидат заменети со електрични.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Citroen C3 Aircross ја има вградено авантурата: По стариот пат од Велес за Прилеп

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Може ли електричните автомобили да останат со празен акумулатор?

Peugeot за минимум СО2: Прво 2500 km со електрични автомобили, потоа едреници