за

Часовници изработени од сопирачките од Peugeot 9X8

Трките во издржливост од типот на 24 Часа Леман се враќаат на сцената. Тоа беше повод за Lorige и Peugeot Sport да се здружат и да изработат уникатен часовник.

Кога францускиот автомобилски клуб ACO (Automobile Club de l’Ouest) пред две години најави нова категорија за возила во трките во издржливост, тоа предизвика одушевување меѓу бројни производители на автомобили. Peugeot, трикратен победник на Леман, исто така не го криеше одушевувањето. Напротив.

Лав трипати победуваше на легендарната 24 Часа Леман, во 1992 и 1993, а потоа и во 2009 година. Лавот на Peugeot. Со претставувањето на прототипот Peugeot 9X8, Французите го поздравија воведувањето на новата категорија на хиперавтомобили во трките во издржливост. Со неа се проширува кругот на публика за оваа привлечна категорија на мотоспортот и воедно се постигнува поголема поврзаност меѓу тркачките и сериските автомобили на производителите на автомобили. Peugeot 9X8 е продолжение на легендарната двојка, Peugeot 905 од 1990 година и Peugeot 908 од 2006 година.

Lorige е големо име во светот на часовниците, а има и директна врска со мотоспортот. Овој швајцарски изработувач на луксузни часовници е прочуен по тоа што за куќиштата на своите часовници користи сопирачки облоги од тркачки автомобили. Првиот часовник на Lorige, моделот BL-Endurance, развиван е подолго од две години. Дел од развојот мина и во тестирање на издржливоста на калибарот LOR-PR01 и на карбонот за изработка на часовникот. Паралелно и Peugeot започна зимово со тестирање на својот хиперавтомобил за трките во издржливост.

За моделот Hyperblack, Lorige ги користи токму сопирачките облоги од првите тестирања на хиперавтомобилот на Peugeot. Тоа значи дека сопствениците на Lorige BL Endurance Hyperblack ќе поседуваат и дел од Peugeot 9X8, користен при тестирањето на хиперавтомобилот, пред тој да се појави на стартната линија.

Исто како што тркачките автомобили не го „сокриваат“ карбонот, така и Lorige Hyperblack ги прикажува карбонската основа и црните делови од титаниум што се обложени со DLC. Контраст со монолитниот дизајн прават деталите во боја на криптон и селен, односно тоа се боите што Peugeot Sport ги користи како свое обележје.

Левата страна на куќиштето е изработена од карбон, односно од сопирачките облоги од Peugeot 9X8. Сите делови од калибарот и воопшто целиот часовник, изработени се во Швајцарија. Името BL потекнува од „Brake Late“, што е суштина на возачката техника и решава за победа, исто како раното додавање гас на излез од свијок.

Цената на овој ексклузивен часовник изнесува 35.000 евра.

Во продолжение деталниот техничкиподатоци опис на Lorige BL-Endurance Hyperblack, во изворната форма на англиски јазик од Peugeot Sport:

CASE: One-piece case and dial made from reprocessed carbon/carbon from PEUGEOT 9X8 Hypercar Hybrid during development

DIMENSIONS: 51.6 x 43.6 mm

THICKNESS: 10.5 mm

BEZEL, CASEBACK AND STRAP LUGS: Bead-blasted, black DLC treated, grade 5 titanium

CROWN: Bead-blasted, black DLC treated grade 5 titanium, kryptonite laquer

MOVEMENT

CALIBRE: LOR-PR01, mechanical calibre self-winding with peripheral rotor, 45 hours of power reserve, 37 jewels, 28,800 VpH, 294 components

DIAL: Imbedded in the case, black PVD treated hands and indexes with white Super-Luminova. Black PVD treated Arabic numerals

WATER RESISTANCE: 5 atm

STRAP: Black vulcanised rubber

FOLD-OVER DEPLOYMENT CLASP: 2 stainless steel sliding buckles, bead-blasted black DLC treated grade 5 titanium clasp. Kryptonite Lorige logo. Fine 6mm adjustment

FEATURES: Hours, minutes, date, power reserve indicator at 6 o’clock

DIMENSIONS: 34.5 x 34 m

THICKNESS: 6 mm

>>> Има крал и меѓу лавовите: Peugeot се враќа на Леман

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Ralliart се развива во спортска подмарка на Mitsubishi

Електричната Dacia Spring вози во Кина како Fengon E1 и чини 9.500 евра