за

Peugeot лани првпат стана најпродавана марка во Франција

Peugeot во изминатите неколку години бележеше големи триумфи во низа, модел по модел, класа по класа, за на крајот да се случи големата историска пресвртница.

Веста од Франција прво звучи збунувачки, дали Peugeot до лани навистина немал лидерство во поглед на бројот на продадени возила на домашниот пазар. Но, кога ќе се има предвид фактот дека марката со лавот отсекогаш негувала одреден „премиум“ над останатите француски производители, преземањето на лидерството во 2021 година е дотолку поголем настан.

Тоа е уште една историска вест за марката што и досега има напишано многу историја. Peugeot лани првпат стана лидер на францускиот пазар на патнички автомобили. Втора година во низа, Peugeot 208 е најпродаван автомобил во Франција.

Peugeot репортерски ги објавува клучните бројки од продажбата на патнички возила на францускиот пазар во 2021 година:

  • Најпродавана марка со пазарно учество од 17.3%,
  • Лидер на пазарот на возила со електрифицирана погонска спрега (електрични возила + приклучни хибридни возила)
  • Лидер на пазарот на службени возила со учество од 25%.

Овие резултати се потврда за успешноста на стратегијата што ја спроведува марката, а таа се темели врз:

  • PEUGEOT 208 го задржува лидерското место во Франција, со пазарно учество од 5,3%,
  • PEUGEOT 2008, трет најпродаван модел во Франција, води и меѓу СУВ-возилата од Б-сегментот, со пазарно учество од 4.5%,

За конечниот триумф на Peugeot на францускиот пазар придонесоа и останатите модели во понудата на марката, што исто така се лидери во своите пазарни делови:

PEUGEOT 3008 има учество од 3%,

PEUGEOT 5008 постигнува учество од  1,3%,

PEUGEOT 508, има учество од 0,5%.

Во двата сегменти заедно, сегментот на патнички автомобили и на лесни товарни возила, што лани забележал раст од 1,9%, Peugeot е лидер со пазарно учество од 17,3 проценти.

Доколку се гледа само пазарот на лесни товарни возила, кој напредувал за 7,5 проценти, Peugeot таму остварува убедливо лидерство со учество од 17,8 проценти.

>>> Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini лани продал повеќе спортски теренци отколку спортски купеа

Германците се најсреќни ако работат за Mercedes-Benz