за

Германците се најсреќни ако работат за Mercedes-Benz

Едно истражување покажа дека Mercedes-Benz предводи во авто-браншата во Германија во поглед на степенот на задоволството на вработените.

Големите промени во автомобилската бранша донесоа промени и во расположението на вработените. Во автомобилските концерни во Германија се намалува задоволството на персоналот. Меѓу 25 компании што се рангирани највисоко, останаа само две автомобилски куќи.

Кога се анкетираат вработените и апсолвентите во Германија, во која компанија тие би сакале најмногу да се вработат, производителите на автомобили и големите добавувачи за индустријата се рангирани високо. Во меѓувреме се добива поинаква слика, кога ќе се направи анкета којашто покажува колку навистина се задоволни вработените во своите компании.

Во анкетата од 2019 година, меѓу водечките 25 компании во Германија имаше дури осум производители на автомобили и нивни добавувачи. Во следната година, нивната бројност се намали на седум, додека во најновото анкетирање се останати само четири. Меѓу вработените во автомобилскиот сектор, најзадоволни се тие што работат во Mercedes-Benz AG (4-то место), Porsche (5-то место), Bosch (11-то) и MHP (16-то).

На првите три места меѓу 25-те компании што имаат најзадоволни вработени се наоѓаат Salesforce, Google и Boston Consulting. Пред две години, списокот го предводеа Porsche, Infineon и Bosch.

Во последните три рангирања, од автомобилскиот сектор единствено Porsche, Mercedes-Benz (Daimler), Bosch и MHP постојано се пласирале во Топ 25. Во подолг рок, Bosch и Daimler (Mercedes-Benz) се најуспешни компании од автомобилскиот сектор. Тие вкупно седумпати се појавувале во Топ 25 во изминатиот период. На BMW тоа му успеало шестпати, додека Continental, VW и MHP се појавиле петпати.

Овие компании во Германија имаат најзадоволни вработени:

#

2021 (Оцена во заграда)

2020

1 Salesforce (4,7) Roche (4,5)
2 Google (4,6) Google (4,5)
3 Boston Consulting (4,6) Puma (4,5)
4 Mercedes-Benz International 1) (4,5) MHP (4,4)
5 Porsche (4,4) Siemens Healthineers (4,4)
6 SAP (4,4) Volkswagen (4,4)
7 Otto (4,4) SAP (4,4)
8 Boehringer Ingelheim (4,4) Capgemini (4,4)
9 Procter & Gamble (4,4) Porsche (4,3)
10 Forschungszentrum Jülich (4,3) BMW (4,3)
11 Bosch (4,3) Salesforce (4,3)
12 BSH Hausgeräte (4,3) Airbus (4,3)
13 Deutsche Börse (4,3) Bosch (4,3)
14 IKEA (4,3) European Central Bank (4,3)
15 Siemens Healthineers (4,3) Siemens (4,3)
16 MHP (4,3) Infineon (4,3)
17 Siemens (4,3) Adesso SE (4,3)
18 Vodafone (4,3) PwC (4,3)
19 Fraunhofer (4,3) Vodafone (4,3)
20 Adesso SE (4,3) Audi (4,2)
21 Personio (4,2) IKEA (4,2)
22 Allianz (4,2) Daimler (4,2)
23 Cisco Systems (4,2) audibene (4,2)
24 Microsoft (4,2) Max-Planck-Ges. (4,2)
25 toom Baumarkt (4,2) Allianz (4,2)

Во истите анкети што се спроведени уште во САД, Канада, Велика Британија и Франција, единствени компании што се појавуваат во Топ 25 во сите пет рангирања се Salesforce, Google, Microsoft и SAP.

Во рамките на анкетата, вработените ги наведуваат предностите и недостатоците при работата во компанијата, а имаат и можност да му дадат совет на менаџментот. Се предвидува и оценување на можностите за напредување во кариерата, наградување за посебни ангажмани, култура и почитување вредности, разновидност и инклузивност, а се оценувааат и раководството и рамнотежата меѓу работата и животот.

Во анкетата постои и поле во коешто вработените одговараат, дали својот работодавец би го препорачале на пријател, а можат да дадат и процена како бизнисот на компанијата ќе се одвива во следните шест месеци. Вкупно се опфатени два милиони испитаници.

>>> Славче Таневски: „Убавината на мојата работа е што можам да ги менувам световите во кои се наоѓам“

MERCEDES EQS

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot лани првпат стана најпродавана марка во Франција

Америка почнува со производство на Volkswagen ID.4 наесен