за

Lamborghini лани продал повеќе спортски теренци отколку спортски купеа

Италијанскиoт производител Lamborghini ја заврши минатата година со рекордна продажба. Главнината од продажбата отпаѓа на Urus.

Lamborghini во 2021 година продал 8.405 возила, повеќе од кога било во својата историја. Прометот на спортската марка од Сант Агата Болоњезе пораснал за примерни 13 проценти.

Lamborghini е производител на спортски модели, но повеќето од моделите што ги продава се спортски теренци. Далеку повеќе од половина од продажбата отпаѓа на СУВ-моделот Urus. Неговата продажба достигнала 5.021 примероци, што претставува 60 проценти од вкупната продажба на сите модели на марката.

Од сите моделски изведби на Huracan се продадени 2.586 примероци, додека на знаменосецот Aventador отпаѓаат препстанатите 798 примероци од вкупната продукција. Шефот Штефан Винкелман очекува дека и 2022 година ќе донесе одлични продажби. Речиси целата продукција во Сант Агата Болоњезе е пополнета за годинава.

Сите пазари постигнале голем раст во продажбата. Водечки регион во поглед на продажбата на Lamborghini е ЕМЕА (Европа, Среден Исток, Африка), кој учествува со 39 проценти во вкупниот пазар на спортската марка. Овој пазар пораснал за 13 проценти. Во Америка се испорачани 35 проценти од целата продукција. Пазарот таму напредувал за 14 проценти. Трет најголем регионален пазар е Азија и Пацификот со 27 проценти. Порастот исто така изнесува 14 проценти.

По земји, најголем пазар се САД со 2.472 испорачани возила и удел од 11 проценти. Голем пораст е постигнат на пазарот во Кина. Таму се испорачани 935 возила или за 55% повеќе отколку преклани. Трет најголем пазар е Германија, со 706 возила (+16%). Едно место подолу е Велика Британија со 564 возила (+9%). Во Италија се продадени 359 возила или за 3% повеќе отколку во ‘20 година. 

За претстојните 12 месеци, марката со бикот има планирано четири нови модели.

>>> Како Lamborghini го доби бикот во логото

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota на 14-ти јануари ќе прикаже модел над Supra?

Peugeot лани првпат стана најпродавана марка во Франција