за

Toyota на 14-ти јануари ќе прикаже модел над Supra?

Toyota на претстојниот салон на авто-тјунинг во Токио ќе прикаже како изгледаат тркачки автомобили од врвен калибар.

На светски прочуената локација, Макухари Месе во Токио, од 14-ти до 16-ти јануари се одржува Токио Ауто Салон. Toyota е подготвена за публиката со GR GT3 Concept и тјунирана изведба на GR Yaris.

Toyota Gazoo Racing е на домашен терен на тркачките и рели патеките ширум светот. Огранокот за мотоспорт на Toyota е успешен подеднакво и во светското првенство во рели и во трките во издржливост. Овој ангажман на јапонскиот производител е корисен и во возачкото секојдневие. Искуствата стекнати на тркачките патеки се од голема важност при развојот и усовршувањето на „салонските“ возила на Toyota.

На претстојниот Токио Ауто Салон, како еден од најголемите настани на сцената на тјунингот во светски рамки, Toyota ќе го прикаже GR GT3 Concept, од кого што понатаму ќе произлезе тркачкиот автомобил за GT3-шампионатите ширум светот. Концернот единствено наведува дека студискиот автомобил располага со искуството и технологијата на Toyota.

Можно е концептот на тркачки автомобил во GT3-шампинатот да биде најава за иден спортски модел што ќе биде позициониран над Supra

На темната фотографија со којашто Toyota го поттикнува интересот за премиерата на Токио Ауто Салон, се забележува гран-туризмо купе со развлечена силуета, со хауба што сигурно не е без потреба толку долга, со низок опаш и дефинитивно двосед. Многу претпоставки кружат за оваа мистериозна најава, не е исклучено тоа да биде наследник на Lexus RC F GT3.

Втората најава се однесува на модел што веќе ѝ е познат на сцената – на таа сцена што реагира аеуфорично при секое спомнување на името GR Yaris. Преку тјунирана изведба на моделот што и без тоа е несекојдневен, Toyota сака суптилно да ја поттикне сцената да го тјунира GR Yaris. Тоа може да важи и за Yaris GR Sport што наскоро ќе се појави во салоните на марката од Тојота Сити.

На штандот на Toyota ќе се појават и херојските автомобили од тркачките патеки: Toyota GR010 Hybrid е прв хиперавтомобил што победи во новата ера на првенството во издржливост (24 часа Леман и др), потоа тркачки возила од националните и интернационалните шампионати, на пр. Super GT, јапонското првенство во Супер Формула и јапонското првенство во рели.

Преносот од претставувањето на новитетите на Токио Ауто Салон може да се следи на 14-ти јануари на јутјуб:

Целата моделска понуда на Toyota на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Од Citroen уште немаме видено сé: Моделско освежување на C5 Aircross

Lamborghini лани продал повеќе спортски теренци отколку спортски купеа