Корените на Lamborghini лежат во производството на трактори и тоа никогаш не било спорно. Кусо потсетување сепак нема да биде на одмет.
Машинскиот инженер Феручио Ламборгини во 1948 година ја основа компанијата Lamborghini Trattori, којашто работи мошне успешно. Под тоа име и денес се произведуваат трактори, но лиценцата уште од 1973 година ја поседува компанијата Same. Феручио уште во почетокот на 1960-те години им се посвети на неговите омилени спортски автомобили. Во 1963 година, тогашниот 47-годишник, ја основа Automobili Lamborghini, со единствена цел да му конкурира на Ferrari.
Мотивираноста на Ламборгини да направи подобар Ferrari од Ferrari, исто така е често раскажувана приказна. Во најкусата варијанта: Феручио како богат индустријалец, во својата колекција од суперспортски автомобили меѓу другото располага со Ferrari 250GT. По дефект на спојката, Феручио решава сам да провери, но притоа открива проблем. Тој, имено, препознава дека спојката во неговиот Ferrari не е различна од оние што се вградуваат во тракторите на Lamborghini. Тој бара средба со Енцо Ферари, со намера да му препорача како неговите автомобили да станат уште подобри. Енцо на тоа реагира грубо и му порачува на Феручио да си остане на своите трактори. Така се раѓа марката спортски автомбоили Lamborghini – патем, името не се изговара Ламборџини, како што често се греши, туку Ламборгини.
https://www.instagram.com/p/Bi9N_QhlsLA/
Бикот се најде во логото на Lamborghini од две причини. Прво, датумот на раѓање на нејзиниот основач е 28-ми април 1916 година, што одговара на астролошкиот знак на бик. Од друга страна, Италијанецот имал голема пасија за борбените бикови. Оттаму и имињата на моделите на Lamborghini потекнуваат од таа сфера. Miura, првиот светски успех на марката, носи име по расата борбени бикови што му оставила посебен впечаток на Феручио по посета на ранчот на Дон Едуардо Миура. Мурсиéлаго, Диабло, Ислеро, Авентадóр, Венено, Хуракан, сите тие имиња потекнуваат од светот на борбените бикови. Истото важи и за Еспада, Харама, Урако и Гаљардо. СУВ-моделот Урус не е именуван по борбен бик, но затоа е именуван по тур, раса диво говедо.
За дизајнот на новото лого на Lamborghini бил ангажиран прочуениот графичар Паоло Рамбалди. Бик во типична поза за напад го предизвикува разбеснетиот коњ на Ferrari, поставен на плочка со црна рамка и црвена подлога – придружено со името на марката, испишано ракописно. Логото беше преработено во 1972 година и името Lamborghini беше додадено во него.
Последниот редизајн следеше во 1998 година, по преземањето од Audi.
https://www.instagram.com/p/CIJFyArKyYr/
https://www.instagram.com/p/CK1nikDn7oS/
https://www.instagram.com/p/CJB_NYkH6gv/
>>> Конвој од Lamborghini Urus на експедиција во Република Карелија

















