за

Црвен Mercedes-AMG ќе се грижи за безбедноста во Ф1

Mercedes-AMG ја менува бојата на безбедносното и лекарското возило во претстојната сезона во Формула 1.

mercedes-amg безбедносно возило формула 1

Безбедносното возило и лекарското возило на MercedesAMG во светското првенство во Формула 1 имаат нова боја за сезоната 2021. Црвената е боја на партнерот CrowdStrike, специјалист за кибер-безбедност, а воедно се совпаѓа и со заштитната боја на самиот AMG.

Исто како во претходните години, основата за безбедносното возило е Mercedes-AMG GT R со 585 КС, додека возилото за брза помош е Mercedes-AMG C 63 S во комби изведба. Брзата марка на Mercedes-Benz уште од 1996 година излегува на патеката да ја предводи трката, кога временските услови се несоодветни или кога има незгода.

CrowdStrike е партнер на тимот на Mercedes-AMG Petronas во формула 1 уште од 2019 година. Од оваа сезона, партнерството со пазарниот лидер во заштита на податоци се проширува и на службените возила на трката, односно на GT R и C 63 S.

Бернд Мајлендер, амбасадор на марката AMG и инструктор на возачката академија на AMG ја врши фунцијата на возач на безбедносното возило во Ф1 од 2000 година. Германецот годинава ќе го менува возилото од една на друга трка. Првпат по 1996 година, Mercedes-AMG ја дели одговорната задача со друг производител. Станува збор за британската марка Aston Martin, со којашто германскиот концерн има обемна соработка во технологијата, вклучуѕвајќи и испорака на фамозниот 4,0-литарски V8 на AMG за моделите на Британците.

Задачата да ја отвори сезоната ќе ја има Aston Martin на 28-ми март, на трката за големата награда на Бахреин. Mercedes-AMG ќе ги стартува своите возила на 18-ти април, на втората трка сезонава, во Имола.

>>> (2020) Најбезбедносниот автомобил со нов стил: Mercedes-AMG GT R F1

Најбезбедносниот автомобил во светот со нов стил Mercedes-AMG GT R F1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како Lamborghini го доби бикот во логото

Toyota GR Yaris е британски автомобил на годината