за

Toyota GR Yaris е британски автомобил на годината

На победникот во категоријата модели со високи перформанси му припадна и титулата за најдобар автомобил за 2021 година во општа конкуренција. Toyota GR Yaris победи пред Defender, Puma и ID.3.

Toyota GR Yaris се избори за победа пред Ford Puma, електричниот Volkswagen ID.3 и Land Rover Defender во трката за најдобар автомобил за 2021 година во Велика Британија. Тркачкиот Yaris ја прекина низата од модели со електричен погон кои победуваа во минатите години.

Автомобил со тркачка машина и тркачко подвозје победи во изборот за најдобар автомобили во Велика Британија, во конкуренција со победнички модели од вкупно 12 одделни категории во изборот.

„GR ги побудува истите емоции што ги поседува оригиналната сорта на темпераментни комбилимузини, со печат на денешницата и со најнапредна автомобилска технологија. Долги години немам уживано толку многу во автомобил, како во GR Yaris“, открива Џон Чејлен, директор на изборот на автомобил на годината во Велика Британија.

Toyota доминираше во својата категорија и во финалето освои најмногу гласови од 29-членото жири на изборот. „Суров, агресивен, рапиден – GR Yaris е спортска комбилимузина на место“, цени заменик директорот на изборот, Алистер Сати. „Најдобриот достапен автомобил со гени од рели што може да се купи моментно“, додава новинарот Јан Линас од Северна Ирска.

Победници во одделните категории на изборот за автомобил на 2021 година во Велика Британија:

Мини автомобил – Honda e

Градски автомобил – Toyota Yaris

Компакт – Volkswagen ID.3

Семеен автомобил – Škoda Octavia

Луксузен автомобил – Mercedes-Benz S-Class

Комби – Škoda Octavia Estate

Мал кросовер – Ford Puma

Среден кросовер – Ford Kuga

Голем кросовер – Land Rover Defender

Купе – BMW 4 Series

Кабриолет – Lexus LC Convertible

Спортски автомобил – Toyota GR Yaris

Претходните победници во изборот:

2014 – BMW i3

2015 – BMW i8

2016 – Mazda MX-5

2017 – Mercedes-Benz C-Class

2018 – Volvo XC60

2019 – Jaguar I-PACE

2020 – Tesla Model 3

>>> Toyota Yaris е избран за автомобил на 2021 година во Европа

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes-amg безбедносно возило формула 1

Црвен Mercedes-AMG ќе се грижи за безбедноста во Ф1

Toyota Highlander со луксуз од седмо небо