за

Повеќе „трабанти“ отколку „тесли“ на германските патишта

Во Германија моментно има регистрирано повеќе примероци од Trabant отколку од Tesla. Лани дури и им се зголемил бројот, иако Trabant не се произведува уште од 1991 година.

Повеќе „трабанти“ отколку „тесли“ на германските патишта

На германските патишта возат повеќе примероци од Trabant отколу возила од марката Tesla, иако возилата од некогашната источногерманска фабрика престанаа да се произведуваат уште во 1991 година.

Германските медиуми масовно ја објавуваат информацијата од пазарните аналитичари во земјата, кои изброија дека во земјата моментно се регистрирани повеќе возила од марката Trabant отколку од електричната марка Tesla.

Во последните десет години, бројот на возила Trabant што можат да учестуваат во секојдневниот сообраќај дури се зголемил за околу 3.000 примероци и изнесува 38.173 возила. Само во периодот од јануари лани до истиот месец годинава, бројот се наголемил за уште 1.000 возила. „Трабант е мало чудо, очигледно дека некои од старите двотакташисе вратија во живот во последните години“, пишуваат медиумите.

Според тоа, електричната марка Tesla уште не може да се споредува со Trabant, кога станува збор за бројот на регистрирани возила во Германија, најголем автомобилски пазар во Европа. ВО почетокот на годинава, во земјата има регистрирано околу 34.000 примероци од Tеsla. Калифорниската марка треба да продаде уште 4.000 возила за да го престигне Trabant. За тоа да се случи, треба да минат одвај неколку месеци.

>>> Од Trabant до електричен Volkswagen ID.3

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

РСБСП со честичка за 8-ми Март: „Жените возат одговорно“

Како Lamborghini го доби бикот во логото