Сезоната на освојување награди е отворена за Peugeot 308 и извесно е дека таа ќе потрае. Откако во минатата недела светските автомобилистки го почестија Peugeot 308 со насловот на најдобар компакт по избор на дамите, следи уште една голема титула на автомобилската сцена. Францускиот L’Argus ја прогласи најновата 300-ка за најдобар компакт.
Трофеј за најдобар компакт за новата генерација на Peugeot 308 од француската медиумска групација L’Argus. Најновиот модел во серијата 300 на Peugeot ги победи кросоверот DS4 и електричната Dacia Spring во финалето на изборот во класата.
Трофеите на L’Argus ги доделува жири од 18 новинари, стручни проценители и технички експерти. Возилата се оценуваат врз основа на цената на возилото и трошоците за експлоатација, остаточната вредност како користено возило, потоа според потрошувачката, иновациите и возачкото искуство. За последново решаваат квалитетот, комфорот, уживањето во возење и дизајнот.
Peugeot 308 ги освои симпатиите на жирито со возачкото задоволство, со дизајнот, квалитетот, како и со спојот меѓу комфорот и динамиката
Грегори Пелетие, главен уредник на L’Argus, зборува за изборот: „Во категоријата на компактни автомобили, Peugeot 308 беше јасен победник меѓу жирито на Argus. Стилот, квалитетот, уживањето во возење, комфорот, технолошката опременост … моделот од Мулуз се подигна на ниво на премиум моделите во поглед на достигнувањата.“
🏆 Le Trophée de la Citadine et compacte 2022 est remis à Linda Jackson, directrice générale de Peugeot, pour la Peugeot 308.#TrophéesLargus2022 #Peugeot308@LindaJackson @PeugeotFR @Stellantis @StellantisFR pic.twitter.com/q7x3bUdjyT
— L'argus (@Largus_auto) February 17, 2022
Во францускатата марка се почестени со изборот и оттаму нагласуваат дека новиот Peugeot 308 има длабоки корени во генетскиот код на Peugeot. Со сензуалниот и остар дизајн, тој припаѓа во повисок пазарен сегмент од конкуренцијата и дел е од динамичниот универзум. Тој е воедно и прв модел на Peugeot што го носи новото лого, новиот грб на марката.
Посебно сум горда што новиот Peugeot 308 ја освои наградата од Argus: Тоа е значајна награда од стручни новинари што знаат како се оценуваат автомобили. Заводливата моќ на 308 не остава простор за двоумење и оваа награда докажува дека моделот поседува и технолошка основа и квалитети за модел којшто ќе важи како референца за останатите. Купувачите се сложуваат: Новиот 308 го презеде водството во C-сегментот на францускиот пазар во јануари 2022!
Линда Џексон, извршна директорка на марката Peugeot
Delighted to be able to attend the French #TrophéesLArgus2022 ceremony last night in Paris to pick up the 2022 City Car and Compact award for our #Peugeot308. It would seem customers agree with the jury, the #308 is already the bestseller in France in the C-segment for January! pic.twitter.com/uXDAgzvLS9
— Linda Jackson (@LindaJackson) February 18, 2022
Награди во рамките на Trophées de L’Argus се доделуваат секоја година за најдобрите возила во своите категории. Годинава се натпреваруваа 66 модели, на коишто им беа доделени 11 трофеи, од кои седум се за најдобри нови модели во соодветните категории: Компакт автомобил, семеен и премиум седан, градски СУВ, компактен СУВ и МПВ, семеен СУВ и кросовер, премиум СУВ и доставно возило.
Свеченото доделување на наградите на 29-те Trophées de L’Argus се одржа на 17-ти февруари во Espace Clacquesin во Малакоф, а водителка беше секогаш шармантната Марго Лафит, ќерка на легендарниот француски возач Жак Лафит.
>>> Тест-возење на Peugeot 308: Колку француски може да биде еден автомобил?

















