Пежо 3008 со две награди за дизајн на годината од корејските новинари

На Пежо 3008 му припадна насловот за најдобар дизајн во изборите за Автомобил на 2026 година во Јужна Кореја.

Двете здруженија што организираат избори на Автомобил на годината во Јужна Кореја, го делеа ставот дека Пежо 3008 најмногу се издвојува во поглед на дизајнот.

Во изборите за Автомобил на 2026 година во Кореја, што ги организираат Здружението на автомобилски новинари на Кореја (АВАК) и Корејското здружение на автомобилски новинари (КАЈА), Пежо 3008 ја понесе победата во конкуренција за најдобар дизајн.

Со победата во двата избори, францускиот СУВ само ја зацврсти веродостојноста на наградата за најдобар дизајн.

Двете здруженија низ годината вршат тестирања на новите возила што се пуштени во продажба на корејскиот пазар, во повеќе категории, за да го изберат Автомобилот на годината во Кореја.

Изборот е релевантен, имајќи предвид дека се одвива во земја што е светски моќник во производството на автомобили и на компаниите им е од големо значење да понесат титула од специјализираните автомобилски новинари во Кореја. Покрај тоа, самиот корејски пазар е значаен во светски рамки, со близу 1,7 милион продадени автомобили во 2025 година.

Корејското здужение на автомобилски новинари во јануари изврши темелни тестирања во вистински услови на возење на 41 автомобил, на автодромот Еверленд во Јонгин, во провинцијата Кјонги. Возилата се оценуваат според 22 клучни критериуми, вклучувајќи ги меѓу другото дизајнот, перформансите, практичноста, безбедноста, штедливоста и иновативноста.

Моделот Пежо 3008 освои 50% од гласовите во категоријата дизајн и со тоа ја понесе титулата на „Дизајн на годината“.

Покрај тоа, Пежо 3008 со благ хибриден погон освои и награда на „Најдобар кросовер со мотор со внатрешно согоривање“, поплочуваји го со тоа патот за цела низа модели на француската марка со овој вид на погон.

Зружението на автомобилски новинари на Кореја исто така тестираше во корејскиот Институт за развој на автомобили КАТРИ во Хвасонг, во провинцијата Гјонги. Меѓу категории што се оценуваа во овој избор спаѓаат надворешен дизајн, внатрешност и впечаток за квалитет, ракување и практичност, перформанси, стабилност и други важни подрачја.

Пежо 3008 и во овој избор се покажа најдобар во категоријата за дизајн. Францускиот СУВ се натпреваруваше против седум модели во оваа категорија. Здружението посочи посебно на значењето на 3008 како клучен модел што го движи брендот напред, со различен стил, со футиристички ај-кокпит и со конкурентна цена.

Видео од тестот на Пежо 3008 во Аутомедиа

Извршниот директор на Стелантис за Кореја, Банг Сил, изјави: „Тоа што Пежо 3008 ги освои двете главни награди за дизајн од новинарските здруженија значи дека корејските купувачи и пазарот ја препознаа моќта на дизајнот на Пежо.“ Тој додаед: „Преку моќниот ДНК на својот дизајн, Пежо се позиционира како бренд што нуди искуства коишто ги надминуваат очекувањата, комбинирајќи привлечност на производот – вклучувајќи хибридна технологија – со конкурентни цени.“

Претходна објаваАлфа Ромео лани ја зголемила продажбата за преку 20%
Следна објаваХонда го врати моделското име Инсајт за автомобил произведен од Донгфенг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here