Тоа што светот веќе одамна ја познава силуетата на новиот Peugeot 3008 воошто не значи и дека сé е веќе видено околу важниот модел на Французите.
Тимот на Линда Џексон, шефица на марката Peugeot и една од највлијателните дами на автомобилската сцена, беше мошне храбар кога во почетокот на летото ја прикажа јасно силуетата на новиот 3008. Сега се гледа дека со тоа не биле откриени ниту два проценти од изгледот на новакот на марката со лавот.
Фотографиите, што очигледно се протечени од серверите на марката, доспеаја до шпанскиот портал Cochespias.net, и на нив јасно се гледа новиот Peugeot 3008 од речиси секој агол.
Повеќе од големо изненадувае е тоа што Peugeot 3008 не доаѓа само како „варијанта“ на дизајнот на Peugeot 408, чијшто изглед масовно ја одушеви автомобилската сцена, туку станува збор за сосем нов дизајнерски израз.
Највпечатливата промена е во жлебот меѓу маската и хаубата. Во тој простор е поставена ознаката на моделот. Светлата се мошне тенки и во продолжение на жлебот под хаубаа. Се забележуваа и шемата на трите шепи во главните светла и во веќе традиционалните вертикални дневни светла. Маската во основа ја следи идејата што се провлекува уште од Peugeot 208.
Браникот долу завршува со мошне строго дизајниран отвор за воздух, со прецизна геометриска форма, што веројатно асоцира на светот на електриката – Peugeot 3008 прво ќе се појави во електричната варијанта, а потоа и во останатите погонски изведби.
Отстрана се забележува заводливо заоблена површина, со „немирно“ испрекршени рабови во долната половина на вратите. За формата на тркалата, дизајнерите уште претходно најавија дека во иднина ќе се раководат според дизајнот што го применија првпат кај Peugeot 408.
Свежи потези има и во опашот – буквално опаш. Работ под завршетокот на задното стакло личи како да го надвиснува делот надолу, што потсеќа на опаш на патка. Две коси линии самоуверено се протегаат од средината на поклопецот на багажникот кон завршетоците на браникот.
Трите шепи секако не отстуствуваат во дизајнот на задните светла. Интересен детал е надолжната лајсна во метален финиш, што го двои стилизираниот дифузор долу и лакираниот метал на поклопецот на багажникот.
Тоа е само дел од новините што марката со лавот ги има за објавување при претстојната премиера на Peugeot 3008 на 12-ти август.