Opel Corsa е најпродаван автомобил во Обединетото Кралство

Opel Corsa (Vauxhall Corsa) е најпродаван модел на пазарот во Обединетото Кралство и во 2022 година. Меѓу десетте најпродавани модели во земјата секако дека не смее да отсуствува и СУВ-изведбата Mokka. Лани Corsa се продаде во повеќе од 40.000 примероци. Само во март годинава, важен месец за британскиот пазар, Vauxhall продаде над 12.800 возила.

Обновената моделска гама на Vauxhall продолжува да го шири кругот на купувачи во Обединетото Кралство. Марката бележи најголем раст во пазарниот сегмент на приватни купувачи од сите марки во земјата. За првите три месеци од годината, Vauxhall го зголемил уделот на пазарот од 4,06 проценти лани, на 6,22 проценти. 

Вкупно во првиот квартал биле продадени 23.898 возила од марката, што претставува 5,72 проценти од целиот автомобилски пазар, вклучувајќи ги и продажбите на службени возила.

Corsa е најпродаван модел од Б-сегментот во Обединетото Кралство, со 5.515 возила продадени во март, односно вкупно 9.797 возила во првите три месеци, што е повеќе од кој било друг автомобил во земјата во изминатиот период. Mokka следи на деветтото место, со вкупно 7.395 продадени возила од јануари до март. 

Моментно на големиот автомобилски пазар во земјата пристигаат новата генерација на Astra и освеженото моделско годиште на Grandland – моделот неодамна имаше оригинална презентација на македонскиот пазар, во салонот на Opel на увозникот Еуроимпекс во скопски Карпош.

Како посебност во пазарниот настап на Vauxhall во ОК, каде што марката има долга традиција на производство, претставува можноста за онлајн нарачка на возилата преку Vauxhall Online Store. Клиентите можат да го конфигурираат своето возило, да ги изберат опциите за финансирање и да ја извршат нарачката на возилото од комфорот на својот дом.

Тест на Аутомедиа: Колку корист од брзото возење?

Претходна објаваНовата Honda Civic Type R постави рекорд на Сузука
Следна објаваOpel го прослави роденденот: 160 години иновации

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here