Новата Honda Civic Type R постави рекорд на Сузука

Продолжува традицијата на модели со високи перформанси на Honda што се инспирирани од духот на мотоспортот. Новата Honda Civic Type R ќе стартува со продажба во Европа уште годинава.

Новата генерација на Honda Civic Type R постави рекорд за автомобили со преден погон на прочуената тркачка патека Сузука во Јапонија. Рекордното време на патеката долга 5,8 километри сега изнесува 2 минути и 23,120 секунди. Тоа е 0,873 секунда побрзо од претходникот, Honda Civic Type R Limited Edition.

Рекордот беше поставен за време на завршното дотерување на моделот на 15-ти март. Honda Civic Type R е најнов модел со високи перформанси што се докажа на прочуената тркачка патека Сузука, којашто предизвикува со шикани што се совладуваат со високи брзини, како и со сложени свијоци.

Ценета како една од најдобрите тркачки патеки во светот, патеката се користи за развојно тестирање на моделите на Honda со високи перформанси уште од 1962 година. На Сузука традиционално се одржува трката за Големата награда на Јапонија во формула 1.

Претходното рекордно време од 2 минути и 23,993 секунди го постави Honda Civic Type R Limited Edition при завршното дотерување во февруари 2020 година. Пред тоа, модел од десеттата генерација Civic Type R GT постави рекорд за возила со преден погон на Нирбургринг во 2017 година, со 7 минути и 43,8 секунди. Сериски примерок од Civic Type R GT постави серија од пет рекорди на најголемите тркачки патеки во Европа.

Премирата на новиот Civic Type R се очекува кон крајот на годината.

Претходна објаваHR-V е нова генерација Honda и тоа се покажува насекаде
Следна објаваOpel Corsa е најпродаван автомобил во Обединетото Кралство

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here