за

Шпанскиот пазар сака да вози Opel на струја

Уделот на Opel на пазарот на чисто електрични возила во Шпанија е повисок од уделот што целата марка го држи на пазарот. Кај доставните возила на струја е уште повисока побарувачката.

Шпанија e решена за електричните возила, како најсончева земја во Европа и земја што четвртина од потрошената енергија обезедува од ветерници. Opel минува одлично со своите електрични модели, патнички и доставни. Постои уште една причина, зошто Шпанија е важна за Opel.

Во првите девет месеци од годината, германскиот производител постигна удел од 5,3 проценти на пазарот на батериски електрични возила во Шпанија. Opel ужива поголемо присуство на пазарот на електрични возила, отколку што марката постигнува вкупно на шпанскиот пазар.

Побарувачката за електричните модели на Opel е уште поголема во сегментот на доставните возила, каде што марката учествува со дури 10,1 проценти. Opel очекува продажбата на моделите на струја да продолжи да расте. Една четвртина од пристигнатите нарачки за Opel Grandland ио за новата Opel Astra отпаѓа на нивните изведби со приклучен хибриден погон.

Шефот на марката, Флориан Хуетл, на неодамнешната дилерска конференција во земјата, посочи: „Нашата офанзива за електрификација во Шпанија напредува и покрај тешките услови, а тоа е посебно важно, затоа што иднината на мобилноста е електрична.“ Тој укажа и на значењето на Шпанија за самата стратегија на производство на Opel: „Шпанија е важна за Opel, не само поради продажбата, туку таа претставува и важен столб во нашето производство. Половината од сите возила Opel во минатата година се произведени во Шпанија. Corsa од Сарагоса е нашиот најпродаван модел, а Crossland во 2021 година беше зад Corsa и Mokka на второто место.“

Opel Corsa се произведува во Сарагоса уште од 1982 година и годинава одбележуваше 40 годишнина. Германската марка го прослави овој историски успех со Opel Corsa 40th Anniversary, што е произведена во ограничена серија.

Градоначалникот на Риселсхајм вози електрична Opel Zafira-e Life

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Расте продажбата на Mercedes-Benz

Renault и Geely го најавуваат првиот заеднички модел