Во еден од најтешките периоди за секаков вид бизнис, Mercedes-Benz во периодот од јули до септември испорача 517.800 возила, подобрувајќи го резултатот за 21 процент во споредба со лани. Доколку немаше криза и со полупроводниците, продажбата веројатно ќе напредуваше уште повеќе.
Третиот квартал му донесе највисока продажба на Mercedes-Benz годинава, со 517.800 испорачани патнички автомобили (+21%). Тоа се случува во време кога трансформацијата на марката е во полн ек, во насока на електричните возила. Меѓу јули и септември се продадени 30.000 чисто електрични возила. Тоа е за 28% повеќе отколку во вториот квартал и за 115% е повеќе во споредба со истиот период лани.
Вкупно во првите девет месеци од 2022 година се продадени двојно повеќе чисто електрични возила (75.400, +126%). Во септември дури беше постигнат историски рекорд, со 13.100 испорачани автомобили чисто на струја. Заслугата за тоа ја има EQB, со 3.400 примероци, како и EQE што неодамна стартуваше со продажба во Кина и во минатиот месец постигна повеќе од 2.000 продажби.
На ниво на квартал, исто така брилјира електричниот знаменосец EQS, со 5.400 продадени примероци, што е најдобро тромесечје досега. Во меѓувреме, во САД почна производството на EQS SUV, своевидна гордост и на Македонија, по дизајнерот на Mercedes-Benz Cars, Славче Таневски. Таму веќе стартуваа испораките на луксузниот модел на струја.
Батериските електрични модели и приклучните хибриди (Mercedes ги води како xEV) во третиот квартал постигнале вкупно 75.900 продажби (+23%). Уделот на овие возила во вкупната продажба изнесува 15 проценти. До септември се испорачани 215.400 xEV-возила (+17%).
Со EQS SUV и со EQE SUV, којшто на 16-ти октомври ќе ја има својата премиера во Париз, нашите клиенти можат да изберат целосно електрично возило во секлој од сегментите што ги покрива Mercedes-Benz. На нашите клиенти им нудиме избор од вкупно осум целосно електрични модели на Mercedes-Benz – повеќе од кој било наш конкурент.
Брита Зегер, членка на одборот на Mercedes-Benz Group AG, одговорна за продажбата на Mercedes-Benz Cars
Продажба по сегментите на Mercedes-Benz
Top-End Luxury
Продажбата на најлуксузните модели во третиот квартал достигна 77.500 возила (-1%), за осум проценти повеќе отколку во вториот квартал. Главен носител на продажбата е Mercedes-Maybach со 5.200 возила (+3%) во третиот квартал и 15.500 возила (+43%) годинава. Порасна и продажбата на S-Klasse во сите региони, со исклучок на САД. Во светски рамки, до септември се продадени 21.400 примероци (-18%) од S-Klasse. Најдобар квартал досега има и EQS, со 5.400 возила. Од новиот AMG SL (исто така дизајн на Славче Таневски) во третиот квартал се испорачани повеќе од 1.800 возила во Европоа и САД.
Core Luxury
Во третиот квартал се продадени 277.000 возила (+36%). Најпродавани се C-Klasse (+55%) и E-Klasse (+25%). Насловот на најпродаван модел на Mercedes-Benz го одбрани GLC (88.700 возила, +49%), иако во меѓувреме се случи генерациска смена. Новиот EQE стартуваше во Кина, а во третиот квартал постигна 3.500 продажби ширум светот.
Entry Luxury

Во сегментот на A-Class исто така има раст во продабата, со 148.400 возила (+6%). Двојно е зголемен уделот на чисто електричните модели, во споредба со лани. EQB брилјира со повеќе од 3.400 примероци во септември. A-Klasse (-3%) и B-Klasse (-8%) претрпеа пад во продажбата, поради кусокот од полупроводници. GLB во последниот квартал се продаде во 36.900 примероци (+11%), што е досега најдобар резултат, поттикнат главно од проджбата во Кина (17.000 примероци, +33%).
Интервју со Славче Таневски, дизајнер на Mercedes-Benz EQS SUV