Францускиот автомобилски концерн PSA Peugeot Citroen отсега ќе ги раководи своите активности на германскиот пазар од централата на Opel во Риселсхајм.
Концернот PSA соопшти дека завршил со преселбата на своите вработени од Келн, кадешто се наоѓаше досегашната централа на групацијата за германскиот пазар. Канцелариите на Peugeot и Citroen сега се наоѓаат во матичното седиште на Opel во Риселсхајм.
Новата заедничка продажна организација за сите марки од концернот, Opel, Peugeot, Citroen и DS ќе биде оперативна од 1-ви февруари следната година.
Во 2018 година, коцнернот продал близу 400.000 автомобили и доставни возила во Германија, со што се постигнуваат 10% пазарно учество.
Според директорот на PSA во Германија, Размус Ројтер, марките ќе продолжат да ги организираат своите активности посебно и секоја марка индивидуално ќе им се обраќа на своите клиенти.
Поранешната фабрика на Opel во Бохум стана центар за сајбер-безбедност
Кралски благослов за стартот на Opel Corsa во Сарагоса