Ники Лауда прогласен од ФИА за личност на годината

Ники Лауда прогласен од ФИА за личност на годината
Ники Лауда прогласен од ФИА за личност на годината

Постхумно одликување за Ники Лауда. Светската автомобилска асоцијација ФИА го прогласи повеќекратниот првак во формула 1, кој почина во мај, за личност на 2019 година.

Трикратниот светски првак во формула 1, Ники Лауда, прогласен е постхумно за личност на 2019 година од страна на светската автомобилска асоцијација ФИА. Одликувањето за Австриецот следеше со едногласна согласност од сите претставници од медиумите, коишто во минатата година имале акредитација за најмалку еден шампионат под закрила на ФИА.

Лауда, кој воедно беше и шеф на надзорниот одбор на тимот за мотоспорт на Mercedes, почина во мај на возраст од 70 години.

Годишната прослава на ФИА во петокот вечер во Париз му оддаде чест и на долгогодишниот директор за трки во формула 1, Чарли Вајтинг, кој почина во март, како и на францускиот возач во формула 1, Антоан Ибер, кој загина на крајот на август на трка на белгиската Спа Франкоршамп.

Ники Лауда: Најпознатите цитати на човекот што ја имаше формулата за ѕвезда

Ники Лауда
Ники Лауда

Претходна објаваКаков избор на користено возило е: Suzuki Vitara
Следна објаваФранцускиот PSA се всели во седиштето на Opel во Риселсхајм

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here